„Милан имаше среќа на ждрепката за плејофот во Лига Европа. Му падна македонски тим кој минатата сезона заврши втор на табела, зад Вардар од Скопје. Македонскиот фудбал може да се респектира до тука, но сепак тоа не е лига од прв ранг и e на 300 и некое место на ранг листата. Во претходното коло го елиминираа Тракаи, кој е инаку литвански клуб со мал престиж. Шкендија е најдобрата опција која можеше да им се падне во конкуренцијата на петте екипи. Хасани и Ибраими се единствените имиња кои се истакнаа во овие квалификациски средби“.