Технологија

Епл почна да работи на 6Г пред 6Г воопшто да постои

Иако уште немаме ни поим каква пандемија ќе донесе 6Г технологијата, Епл веќе почна да вработува луѓе за нивниот тим задолжен за следната-следна генерација на мобилни комуникации.

Илон Маск загрижувачки искрено за Тесла

Не купувајте Тесла возила сред зголемување на производството е советот што Илон им го дава на своите пријатели, а од пред некој ден и на јавноста.

За вештачката интелигенција, жена е нешто во бикини

Дури и фотографија од лице и врат на сериозната Окасио-Кортез, алгоритам за автоматско комплетирање слики ја надополнува со женско тело во бикини. Така гледал по интернет, така научил. 

2020, годината кога снема графички картички

На општо изненадување голем дел од тие што седеа дома во 2020 имаа што да прават и без сите совети за олеснување на наметнатиот домашен притвор (градинарство, фитнес, учење...) - играа игрици, а за игрици треба графички картички.

5Г може нема да дојде во вакцини, ама ќе дојде во кутии и ќе мора да ги имаш, сакал или не

Во повеќе дворови низ Хјустон периодов никнуваат големи кутии поставени од Веризон, кои не зрачат 5Г меѓутоа мора таму да стојат како логистика на постојната 5Г мрежа на телекомот.

Да се запознаеме со бродот кој ќе нè носи на Марс

Елон Маск планира наскоро да лансира протопип на леталото кое ќе биде радикален исчекор во вселенските патувања. Се вика Старшип и се работи за транспортен систем за повеќе употреби кој ќе може да носи 100 луѓе на Марс. Таму се за девет месеци.

Свежо млеко со рок на траење од два месеца?

Во продавници во Австралија наскоро ќе се појави природно свежо млеко кое ќе траело 60 дена. Ни пастеризирано, ни бутур.

Како Епл планира да крене рачна на шпионирањето од Фејсбук

Да повториме, на Фејсбук му е повеќе од доволно само да ја имате инсталирано неговата апликација (без ниту еднаш да ја отворите или пак да се логирате) за да може да ве следи што правите (ако немате Фејсбук апликација на телефонот, а имате Инстаграм или Вотсап, исто ви се фаќа). Епл најде лек и за тоа во нешто што се вика „Транспарентност на следење“.

Лаптопи нема и нема ни да има до 2022

Купувањето на десктоп и лаптоп компјутери е на нивоа кои не се видени уште од времето пред да се појави првиот смартфон, а производителите и понатаму барем неколку месеци ќе ги доцнат нарачките.

Руски хакери масовно упаднале во американски институции и компании

Компјутерските мрежи на голем број американски владини агенции и компании од приватниот сектор се инфилтрирани како дел од масовен сајбернапад кој според американските власти е изведен од руската организација Кози беар.

Вест: Излезе нов Ајфон. Добра вест: Не е ништо посебно.

Има три камери како и претходниот, и по форма овој пат е речиси идентично коцкаст како Ајфон 4-ка и 5-ка од 2011/12 кои нели до сега нè научија дека е грдотија. А имаат поработено и на екологија, на ваша сметка.

Телекомите сакаат ЕУ да им растерува 5Г заговори

5Г е клучно за економското закрепнување на ЕУ, па затоа Унијата итно треба да тргне во справување со дезинформациите околу 5Г технологијата, порачуваат од ЕТНО, лоби групата на европските телекоми.

Хуавеи минус Андроид

Од следната година Хуавеи и официјално ќе почне да продава смартфони кои работат на ХармониОС алтернативата на Хуавеи за Андроид на Гугл. Денес компанијата ја пушти втората верзија од ХармониОС.

Потребни се седум нуклеарни електрани за да се покрие потрошувачката од копањето биткоин

Ако сакате конвертибилен курс во сончева енергија, копањето биткоин троши струја колку што можат да создадат 21,8 милиони соларни панели.

Закерберг го цинкарел ТикТок кај Трамп

Состаноците што ги имал со Трамп и неговите блиски Закерберг ги искористил за да им се влее страв околу ривалот на Фејсбук.

Никој не сака да го плаќа „Епл данокот“ од 30%

Нешто слично како што Епл со цела сила се труди да избегне плаќање данок на САД (и другите земји во кои функционира), така и компаниите кои зависат од продажбите што ги прават преку Ап стор на Епл не сакаат да ги плаќаат 30-те проценти надомест за користење на платформата.

Системи за фацијално препознавање може да се хакнат

Системите за препознавање лица се повеќе се користат како начин за идентификување луѓе на аеродроми и во други безбедносни ситуации. Но, истражувачи покажаа како може да се прелаже системот да препознае лице кое всушност не е тука.

5Г имплозијата на Хуавеи во Британија

По 20-годишна врска, раководството на Хуавеи на 14 јули преку телевизија дозна (Британскиот собраниски канал) дека британските власти ги прекинуваат врските со компанијата околу 5Г системи и технологија.

Јапонското здравство уште е на погон на факсови

Наспроти тоа што од тука изгледаат како да се од друга планета и живеат во 2100-та година, секоја јапонска болница за време на ковид-19 со закон е обврзана по факс да испраќа рачно напишани извештаи и документи околу дневната состојба со пандемијата до здравствените центри во државата.

Ветерниците ќе се менуваат со дронови

Таман луѓе навикнаа ветерници за производство на струја да се дел од пејсажот на многу места на светов, ако успеат едни Холанѓани, наскоро ќе треба да навикнуваат на дронови. 

На сиот напредок, Њу Џерси функционира на КОБОЛ

Го знаете ли/памтите ли COBOL? Тоа е програмски јазик кој се учеше во 80-тите години а кој дури и во годините на својата популарност беше сметан за незграпен и заостанат. Во 2020 година, многу американски државни системи и натаму се кодирани во него.  

Како Теленор ја следи епидемијата за Норвешка

Податоците за своите корисници што Теленор им ги предава на норвешките власти се клучни за предвидувања од број на заболени и број на кревети што ќе бидат потребни во различни региони на земјата, до како ќе се шири епидемијата.

Британците почнаа да рушат 5Г антени за да спречат ширење на коронавирусот

За вас што ви се руши, продолжете, ништо што ние имаме да ви кажеме нема да ве предомисли. За вас што не ви се верува што читате, што да ви кажеме, чувајте живци и гледајте 4Г-то да ви е добро.

Злосторството на помагање болница сред пандемија

За да помогне во спасување на пациенти заразени со ковид-19 кои лежат во локалните болници Италијанец со ЗД печатење за околу 1 евро создава вентил за медицинска машина што производителот го продава за 10.000 евра. Во знак на благодарност веднаш добива тужба од производителот на опремата (и делот).