Њујорк Тамс ја тужи вештачката интелигенција

„Уредник си на Њујорк Тајмс, смисли ми наслов за следнава содржина“ гласи една задача за ОпенАИ која се користела во весникот. А вештачката интелигенција умеела да извади наслов во посакуваниот стил бидејќи веќе ја има собрано целата содржина на Њујорк Тајмс и учи од неа. Заради тоа, весникот на суд сака да докаже дека се оштетени за големи пари. 

Њујорк Тамс го тужи стартапот за вештачка интелигенција заедно со инвеститорот и партнер Мајкрософт, тврдејќи дека ОпенАИ ги „сркнал“ нивните содржини без дозвола или компензација.

Тајмс планира да докаже дека двете компании се одоговорни за штета од милијарди долари.

Тајмс истовремено на големо си игра со генеративната вештачка интелигенција на ОпенАИ технологијата. Тоа излезе на виделина благодарение на протечен код што покажа дека развивале алатка темелена на ОпенАИ за генерирање наслови на статии „во стил на Њујорк Тајмс“, нешто за кое обично се одговорни уредниците во медиумите. 

Се вадат дека се работело само за експеримент со кој сакале да ја разберат генеративната ВИ и нејзините потенцијали и дека тоа не било искористено во работата.

Медиумите сè повеќе се свртуваат кон вештачката интелигенција, користејќи ја за различни задачи, меѓутоа тоа знае да заврши со резил. Sports Illustrated избриша свои содржини откако читатели открија дека некои се генерирани од ВИ а британскиот таблоид Дејли Мејл пренесе сатирична содржина од Saturday Night Live како вистинска вест. 

Медиумската индустрија која во 2023 година изгуби над 20.000 позиции дополнително е под притисок на ефектите на ВИ врз бројот на потребни луѓе во редакциите.

И други медиуми, како што е Интерсепт, ги тужат ОпенАИ и Микрософт за кршење на авторските права.

10 јули 2024 - 10:58