Системот изработен од јужнокорејскиот Институт за истражување електроника и телекомуникации спојува снимки од безбедносни камери, статистики за криминал, ГПС и останати податоци во предвидувањето на шансите да се случи криминал.
Технологијата наречена Дежавју, споредува шаблони од средината и однесувањето на општеството, и записи од минати кривични случаи.
Пример, ако една области има регистрирани кривични дела доцна навечер, системот нив ќе ги обележи тие како високоризични локации, што ќе и овозможи на полицијата таму да распореди повеќе свои припадници за да се одвратат потенцијалните криминалци.
Мапата ќе и биде достапна на полицијата и во реално време ќе алармира за тоа кои се најопасни зони, за да и овозможи истите подобро да се покријат. Мапата е изработена од база од 32.656 клипови собрани во период од 3 години.
Ова треба да и овозможи на полицијата да биде проактивна наместо само да реагира на настаните кога ќе се случат.
Иако до тука е регуларен, она што го прави контроверзен системот е неговата втора технологија која предвидува дали некој поединец би можел да направи кривично дело, и таа главно се базира на досиеја на населението, односно поранешни криминалци и луѓе „познати на полицијата“. Во прво време системот ќе се користи за следење на поединци кои се во домашен притвор и нивно препознавање на снимките од уличните камери доколку излегле од дома. Подоцна системот би можел да пресмета и дали овие лица се на пат пак да го прекршат законот.
Истражувачите тврдат дека нивната мапа има успешност од 82,8% во предвидување на криминалот.