Илјада ВИ агенти прават држава и цивилизација

Стартап компанијата Алтера неодамна започна единствен проект на подрачјето на вештачката интелигенција, наречен „Проект Сид.“ Преку илјада автономни агенти на вештачката интелигенција соработуваат меѓусебно во виртуелниот свет на Мајнкрафт создавајќи сложени општествени сктруктури и механизми: економија, култура, религија и систем за управување.

Извршниот директор на Алтера, Роберт Јанг, вели дека е возбудливо да се следи процес во која илјадници ВИ агенти креираат нешто што досега беше ексклузивно за човечкиот вид.

Во Мајнкрафт симулацијата, вештачката интелигенција веќе создава комплексни системи налик на човечкото општество. Имаат трговско средиште, имплементирале демократски систем на гласање, развиваат религиозни уверувања и решиле да користат драги камења како валута за трговија, демонстрирајќи способност за создавање и придржување до економски конвенции.

Јанг вели дека технологијата не е ограничена само на Мајнкрафт.

Проектот адресира фундаментални размислувања, надежи и стравови во развојот на ВИ агентите и нивната соработка. Ќе еволуираат ли, ќе се оттргнат ли еден ден од контрола? Потенцијалот на вештачката интелигенција да создава сопствена култура и системи на верување не само што ја зголемува загриженоста за границата меѓу вештачката и човечката интелигенција туку поттикнува и на размислувања за природата на свеста и самосвеста во вештачките средини.

 

23 септември 2024 - 12:02