Технологија

Во дувлото на измамниците

Иако „нигерискиот принц“ е синоним за он-лајн измами, Индија е светскиот расад на интернет измамници, кои работат далеку пософистицирано, па имаат и далеку побројни жртви.

САД тврдат дека Хуавеи има таен пристап до телефонските мрежи

Ставот на американското разузнавање во однос на Хуавеи „верувајте што ви збориме“ доживеа целосен пресврт па сега американските шпиони објавија документи дека Хуавеи можат да ја користат својата опремата за шпионирање.

Што па сите се фатија за 5Г, кога цели телефони се кинески?

Да ги слушаш политичарите како зборуваат за 5Г е исто како да слушаш човек што прв пат се надувал како зборува за космичка свест и отворање чакри - не знаат за што зборуваат, ама сите мора да ги чујат.

Како Бин Салман упадна во телефонот на Безос, и зошто тоа е страшно за тебе

Ајде од вториот дел: најбогатиот човек на светот кој располага со речиси неограничени ресурси за да се одбрани од хакирање, ем не успеа да се одбрани, ем му требаа долги месеци истрага (и неброени пари) за да открие кој му упаднал во телефонот.

Силициумската долина се претвори во она што требаше да го замени

Некогаш малите стартапи кои требаа да го уништат моделот на гигантите како што беше ИБМ со нивните мејнфрејм компјутери, во меѓувреме се претворија во токму такви гломазни компании. И мејнфрејм концептот го вратија, со ново име - клауд.

На Хуавеи му се позлати ембаргото од Трамп

По подолго време работење под санкции од САД, Хуавеи објави дека 2019 ја завршува со приходи од 122 милијарди долари, што е нов рекорд за компанијата.

2019, годината кога телекомите се избезумија по 5Г

5Г технологијата е неизбежна, и таа ќе биде корисна, ама тоа не е ни приближно чудотворна технологија како што толку се трудат да ја претстават.

Епл извади нови тркалца за да види до кај може да тера

Почетната цена на новиот Мак про на Епл е 6.000 долари, а крајната, ако запнеш, може да стигне до 53.000 долари. И ова е познато, и горе доле разбирливо, имајќи го предвид квалитетот на компонентите и што сè ќе ставиш. Она што не беше познато е дека новиот Мак про ќе има и тркалца, и колку ќе чинат овие тркалца.

Хуавеи успеа да склопи телефон без американски чипови

За Хуавеи американските компоненти се повеќе стануваат „добро е да се има, ама и не мора“ дел од работата, и Хуавеи Мејт 30 е доказ за тоа.

Тесла да печати пари нема волку да заработува

Не е помината ни една недела откако Елон Маск го презентираше Тесла Сајбертрак, а веќе 200.000 луѓе имаат оставено депозит за да држат место во редот за купување на електричниот пикап.

Во Русија на руски, софтвер

Русија изгласа закон со кој во земјата се забранува продажба на смартфони во кои нема однапред инсталиран руски софтвер.

На смартфон никогаш ништо нема да биде безбедно, па ни приватно

До пред само некој месец апликациите за камера на Самсунг и Гугл смартфоните, имале пропуст преку кој напаѓачи може да пристапат до камерата, да снимаат аудио, видео и да фотографираат со нејзе, истото да го качат на сопствен сервер, и сето тоа без ти ниту да знаеш ниту да претпоставиш дека нешто ти се случува.

Не мора да е сè мед и млеко, може само млеко

Во Јужна Африка се собираат пластични шишиња од млеко, се рециклираат и се прави смеса со која се реновираат патишта. И децата сити, и бандажите на број.  

Да дочекате и вашиот банкомат да фати ваков вирус

Наместо стандардното крадење броеви од кредитни-картички на корисници на банкомати, жртва на еден нов малвер е самиот банкомат кој не може да се контролира и го блуе целиот кеш што го има во себе.

Престанете секоја година да вадите нов телефон

Една математика за дома: телевизорот што го имаш во дневна (најчесто) купен ти е пред 4 години, за 700-800 евра, и најверојатно уште толку време нема ни помислиш да го смениш. Смартфонот што го имаш во џеб купен ти е пред максимум 2 години за 500 евра и веќе те фаќа нервоза дека треба да го менуваш. И тоа е проблем.

Гејминг со негативна латенција?

Се чини дека е невозможно да се постигне гејминг искуство на стримувана игрица а тоа да ни изгледа побрзо отколку истата игра да се игра на локална машина. А токму тоа Гугл планира да го направи со својата Стадиа платформа.

Русин откри катастрофален баг (како за кого) на Ајфон

Заради пропуст кој до сега беше превиден (намерно или не) од глобалната технолошка заедница, Епл ќе заврши на суд во Москва.

Зеленото уште е сомнително

Доколку некоја компанија реши да вложи во еколошки одржливи репшенија, логично е да се помисли дека таа тоа ќе го разгласи на сите ПР ѕвона. А се случува нешто обратно: стануваат зелени и молчат за тоа.

Ќе ги ладиме ли зградите без струја

Нов и релативно надежен систем за тн пасивно ладење, наменет за густо изградени урбани средини ветува дека ги лади зградите без никакво трошење електрична енергија. Малку како оние сребрени штитници за на шофершајбна, само нешто попаметно дизајнирано.

Ричард Сталман говореше во седиштето на Микрософт

Во настан кој до пред само десетина години би бил доживеан како сигурен предзнак на Апокалипсата, основачот на ГНУ проектот се појави во Микрософт и држеше говор.

Хуавеи трга во војна

Во меморандум испратен до вработените, првиот човек на Хуавеи, Рен Женгфеи, порачува дека компанијата треба да биде се издигне на ниво за војна, за да се справи со блокадите од САД.

Хармони ОС, замената на Хуавеи за Андроид

Бекап планот на Хуавеи за Андроид, во случај на вечен бојкот од САД, се вика ХармониОС, и според нив е побрз и побезбеден од Андроид, и за сега намерата е да се користи за ИОТ производи (паметни телевизори, автомобили, звучници и сл...) а не во смартфони.

Додека тие се чудиш како ТикТок успеа да се прослави

Пред повеќе од една година кинеската апликација Музика.ли беше повторно лансирана под новото име - ТикТок. Од тогаш новата апликација стана сериозна закана за американските социјални мрежи, во добар дел и затоа што само во САД троши по 3 милиони долари на маркетинг на ден.

Купувајте хуавејски производи

Не може САД да го бојкотира Хуавеи, колку што Кинези по патриотска основа можат да почнат да купуваат Хуавеи.