Наводно лидерите на Хамас имаат телефони и други уреди од кинескиот производител Хуавеи, што го спречило Израел и другите разузнавачки служби да имаат лесен пристап до нивната содржина.
Се работи за поновите телефони на Хуавеи од периодот по ембаргото што им го воведе САД, кога кинеската компанија мораше од уредите да го тргне оперативниот систем на Гугл и останатите апликации од американски компании, и наместо нив да развие сопствени верзии.
Со ваквата промена кинеските телефони стануваат побезбедни од упад од западните разузнавачки служби, иако не и од кинеските.
САД во 2019 го стави Хуавеи на црната листа за трговија, по што компанијата повеќе не смее да користи американски делови или софтвер.