Електричните автомобили никогаш нема да заземат повеќе од една третина од пазарот а потрошувачите не треба да бидат принудувани да ги купуваат, изјави шефот на Тојота.
Акио Тојода, претседател на продажба на најголемиот светски производител на автомобили, рече дека развојот на електрични возила не треба да значи исклучување на другите технологии како што се хибридните и автомобилите на водород на кои се фокусираше неговата компанија.
Тој вели дека CO2 e непријателот но до целта може да се стигне по различни патишта. Верува дека електричните возила со батерии ќе достигнат максимум 30 проценти од пазарот - помалку од двојно од нивниот сегашен удел во, на пример, Велика Британија а за другите 70 проценти ќе се борат хибриди, автомобили со водород и сл.
„Клиентите а не регулативите или политиката треба да ја донесат таа одлука“, смета Тојода.
Објаснува дека привлечноста на електричните автомобили е ограничена, бидејќи една милијарда луѓе во светот сè уште живеат без електрична енергија. Дополнително, тие уште се скапи и им е потребна инфраструктура за полнење за таа опција да биде функционална.
Тојода, чиј дедо ја има основано автомобилската компанија, негира дека Тојота заостанува зад ривалите во развојот на електричните возила и инсистира дека е правилно што се фокусирааат на алтернативни технологии, иако признава дека е тешко да се „бори сам“.