Џемс Воулс стана прв човек на тимот на Вилијамс рано во 2023 година и веднаш му станало јасно дека внатрешните процеси се катастрофа.
Целиот процес на создавање болид за трка бил толку неефикасен што дури и кога дизајнот бил навреме решен, возилото било само куп делови и на само три недели од планираното тестирање.
Добар дел од ова се должело ма начинот на кој Вилијамс го чувал инвентарот- во монструозно голема Ексел табела.
Воулс и техничкиот директор Пет Фрај обелодениле дека Вилијамс користел табела која со тек на време толку многу натежнала што во неа биле вклучени околу 20.000 делови што се користат за изработка на автомобилите.
Системот не бил само толку аматерски дизајниран и невозможен за навигирање низ него туку му недостасувале важни логистички информации. Тимот, наводно, немал централен ресурс кој следи колку чинат делови, колку време е потребно за да се направат, па дури и колку ги има или каде се складирани. Поради тоа, екипата за производство барала делови чија локација не е документирана, губејќи драгоцено време.
„Ексел списокот беше смешка. Невозможно да се движите низ него, невозможно да го ажурирате“, изјави Воулс за The Race, нудејќи го како пример предното крило на Вилијамс кое е составено од 400 парчиња.
„Треба да знаете каде е секоја од тие независни компоненти, колку време ќе потрае пред да биде завршена, колку време ќе потрае за да оди на проверка. Ако има проблеми со проверките, треба сè одново... А поради нивото на сложеност на Формула 1, Екселот паѓа, ние паѓаме, Вилијамс паѓа....“ вели Воулс.
Заради незграпната и сложена база на податоци, тимот се појавил доцна на предсезонските тестирања во 2019 година.
Сега сето тоа оди на сеопфатен ремонт на системот, само што за тоа ќе биде потребно време. И чат-пат по некоја Ексел табела.