За Брин историски погрешните фотографии генерирани од Џеминај се резултат на недоволно тестирање.
Обидувајќи се да го одбрани сервисот, Брин објаснил дека и ЧатГПТ и Грок на Илон, е најверојатно да дадат некои „прилично чудни работи“ доколку им се наметне доволно притисок.
Тој признава дека на Гугл не му е целосно јасно зошто Џеминај во некои случаи има наклонетост кон лево и дека тоа не била намерата на компанијата. Наводно Гугл последниов период има подобрување во точноста од околу 80% на одредени внатрешни тестови.
Брин кој го основа Гугл со Лари Пејџ во 1998, во 2019 се повлече од позицијата претседател на Алфабет иако остана член на бордот. Неговото враќање во секојдневното работење на компанијата беше поттикнато од успехот и напредокот на ЧатГПТ проектот на ОпенАИ, и недозволивото назадување на Гугл на ова поле.
Во јануари 2023 Њујорк тајмс објави дека Алфабет побарала помош од ко-основачите откако внатрешно била објавена „црвена тревога“ како реакција на производот на ОпенАИ. Во декември 2023 Брин беше наведен како еден од ко-авторите на истражувањето во кое се нагласуваат способностите на Џеминај.