Цената почнува од 6,99 долари месечно за ХП Енви и 20 испечатени листови. Најскапиот пакет е ХП Офисџет про со 700 листови за 36 долари месечно. Кога ќе снема мастило ХП на корисниците ќе им испрати нова количина, а сите добиваат и 24/7 телефонска или онлајн поддршка.
Еден од највознемирувачките делови од понудата е што печатачот за цело време треба да биде поврзан на интернет, што е опција која често пати е избегнувана од корисниците бидејќи печатач може да работи и без пристап до интернет. Доколку печатачот не е цело време на интернет, ХП има право да ја прекине услугата.
Во надзорот што ќе го прави, ХП ќе може и константно да следи каков тип на фајл печатиш (пример, дали .пдф или .јпг), од кои уреди е пратен документот на печатење (лаптоп, таблет, мобилен...) и преку кој софтвер, плус какви било други метрики кои ХП смета дека се поврзани со претплатата и ќе одлучи да ги додаде за време на користење на сервисот.
Договорот подразбира и дека ХП ќе може да им дава информации за твоето користење на печатачот на своите адвертајзинг партнери, за тие да можат таргетирано да ви испорачуваат реклами на вашите уреди.
Договорите за изнајмување на печатачот е на две години, а негово предвремено откажува чини од 60 до 270 долари во зависност од тоа каков пакет имате.