Технологија

Кина се пофали со 6Г

За разлика од сите сомнежи околу 5Г, народ воопшто не треба да има сомнеж за 6Г бидејќи Кина го развива главно и (за сега) само за потребите на нивната војска и хиперсоничните оружја.

Климатските активисти станаа поголем проблем од скептиците

Климатските активисти заслужуваат респект зашто со децении ја зголемуваа свеста за проблемите. Но денес тие се поголема пречка за решавање на проблемите отколку оние што не веруваат во постоење климатски промени. Првенствено затоа што по инерција се противат на онаа чиста енергија која реално може да ја смени сликата на планетава.

Блекбери и официјално престана да работи

Технолошкиот гигант, непроценливо вредниот бренд и незапирлива технолошка сила на 2000-те, објави дека нивните уреди повеќе никогаш нема да работат.

Тесла укинува игрици во возење

Откако се најде под истрага на американските регулатори за безбедност во сообраќајот, Тесла реши да ја смени својата претходна одлука и во иднина да не дозволува играње видео игрици на големиот екран додека возилото е во движење.

Види, види, сме можеле да бидеме чипирани со ковид пасош

Во Шведска веќе не мораат да буричкаат по телефон или чанта за да го покажат својот ковид сертификат. Постои фирма која нуди тој поткожно да им биде чипиран, заедно со други информации кои треба да ги покажуват.  

Хуавеи има што да и понуди на Кина за следење луѓе

Официјалниот став на Хуавеи е дека ја снабдува кинеската држава само со мрежна опрема за општа употреба. Документите на компанијата што ги обработува Вашингтон пост, кажуваат сосема друго.

Војна на чиповите

Војната започна. Само што не можете да ја видите со голо око бидејќи се одвива во наносветот. На спротивните страни се истокот и западот, каде истокот е предводен од Кина, а западот од САД и ЕУ. Засега се засегнати само купувачите на нови автомобили и телефони, но фронтот се проширува и на апарати за домаќинство.

Кина ќе се откачува од американска технологија

Таинствен кинески државен комитет изработи листа на американска и странска технологија што државата треба да ја замени со сопствена и од сопствено производство, и тоа опфаќа сè од облак системи до микрочипови.

Епл автомобил до 2025 година

Епл автомобил е една од најистрајните шпекулации на тема Епл, во која компанијата прилично ужива и повремено знае да ја искористи за кревање на своите акции. Како и да е, повторно сме на тој муабет.

Епл компјутер од 400.000 долари, а не е ни нешто посебно брз

Како прво куќиштето на компјутерот е дрвено, има некој прастарен Панасоник монитор на него а и нула од естетиката и дизајнот на Епл. Целата вредност му е во тоа што е Епл-1, првата серија на Епл компјутери што била продавана, и уште функционира.

Џеф Безос ќе прави канцеларии во вселената

Не е дека Безос сака да избега од сите вас, ама кога би посакал би имал канцеларии и хотел во вселената, кои би требало да му се готови до крајот на деценијава.

„Слатките“ роботи-кучиња само што станаа воено оружје

Нешто слично на оние веселите и забавни роботи-кутриња на Бостон динамикс имаат и Гоуст роботикс, само нивните се со снајпер, сензори и камери за надзор. Баш тоа што Асимов го збореше на времето.

Уште некоја година имате фора да собирате праски во Грција

Овој пат не е ништо лично од Грците, туку доаѓа од малку подалеку, од Израел, каде инженери успеаа да состават дрон што собира овошје од дрвја.

Дали Ајфон 13 е почеток на походот на Епл за уништување на телекомите?

Една од најинтересните гласини околу следниот Ајфон е дека фабрички ќе има можност за поврзување на сателитска врска и користење на истата за разговори и пораки, без никаква потреба од локален телеком оператор или мрежа.

Епл сака да ги скенира сите слики што ги имате на Ајфон во име на борба против педофилија

Планот е скенирање на колекциите слики на Ајфоните во САД во кои ќе се бараат веќе познати педофилски слики. Иако сето ова се тера во име на крајно благородна кауза, стравот е дека истата технологија би можела да биде и злоупотребена.

Кога ѓаволот ќе го зајава Пегаз

Ако постои ѕид на кој би сакале да сте мува, за да слушате што зборуваат оние околу ѕидот, тогаш остварувањето на тој сон е само прашање на техника. А техниката постои и прилично е достапна, ни открива актуелниот скандал со сотфверот Пегаз.

Гејтс и Бафет ќе градат нуклеарна на натриум

Овие напредни централи кои користат поинакво гориво од традиционалните нуклеарни централи, некои ги сметаат за клучни сојузници во трката за елиминирање на штетните гасови. По други, тие се поризични од класичните. Засега Вајоминг нека му ја мисли.

Трева гледа, биткоин вади

Британската полиција уапсила нелегални копачи на биткоин во акцијата првично почната како рација на фарма на марихуана.

1984 на Орвел ќе се случи во 2024?

Живот каков што Орвел опишува во 1984 не чека во 2024 доколку владите не ја заштитат јавноста од вештачката интелигенција, е предупредувањето што доаѓа од претседателот на Микрософт, Бред Смит.

САД призна дека Шаоми не е „комунистичка кинеска воена компанија“

Министерството за одбрана на САД го тргна кинескиот производител од црната листа на „комунистички кинески воени компании“ во кои Американци не смеат да инвестираат.

Уште две години ќе се молиме за лаптопи и графички

Глобалната криза со компјутерски чипови може да трае уште две години, е предупредувањето што доаѓа од првиот човек на ИБМ.

Започнува корнењето на 5Г опремата на Хуавеи во Британија

По речиси една деценија анализи и качувања по згради за да видат каде да ја постават 5Г опремата на Хуавеи, инженерите на Бритиш телеком деновиве ја започнаа 700 милиони долари вредната акција за вадење на истата оваа опрема и заменување со друга.

Специјална бела фасадна боја ќе ги замени климатизерите?

Револуционерна ултра-бела боја за фасади има неверојатни перформанси за одбивање на сончевата светлина и ладење на објектот. Веќе се користи на некои грчки острови. 

Хуавеи сврте на свињарство

Кога и по доаѓањето на Бајден останаа заглавени со проблемот со санкции од времето на Трамп, Хуавеи почнаа да бараат чаре на друго место, пример кај свињи.