Компанијата остана без првиот човек за технологија, ЦТО-то Мира Мурати, која исто така беше неофицијалниот портпарол и заштитно лице на ОпенАи.
По соопштението дека Мурати си оди, следеа уште две високопрофилни оставки: од потпретседателот за развој, Барет Зоп, и директор за развој, Боб Мекгру.
Мурати беше одговорна за лансирањето и унапредувањето на ДАЛЛ-Е, Кодекс, Сора и ЧатГПТ, а во јавноста често пати зборуваше за етичките проблеми и размислувања околу развојот на ВИ.
Сето ова се случува во време кога ОпенАИ е сред преговори за нова мега транша на пари, со кои неговата вредност би надминала 150 милијарди долари.
Една од клучните промени која се очекува периодов да се случи кај ОпенАИ е промена на непрофитната структура на компанијата и трансформација во профитна корпорација, одземајќи му ја контролата на непрофитниот борд. Со промените ЦЕО-то Сем Алтман за прв пат ќе има 7-процентен удел од компанијата.
Мурати напиша дека сакала да има време и простор за нејзини сопствени истражувања, Мекгру напишал дека е време да се направи одмор, а Зоп чувствува дека сега е право време за него да истражува нови можности вон ОпенАИ.