Дополнителна опција што се разгледува е од Гугл да се побара да обезбеди и пристап до податоците што ги користи за создавање на продуктите за пребарување и вештачка интелигенција.
„Министерството за правда разгледува бихејвиорални и структурни лекови кои би го спречиле Гугл да користи производи како Хром, Плеј и Андроид за унапредување на пребарувањето на Гугл и производи и опции поврзани со пребарувањето,“ објаснуваат американските антимонополски власти.
Предлогот од агенцијата што е испратен до надлежниот суд е на 32 страници, а допрва ќе биде подетално обработен во текот на следниот месец. Во април следната година ќе треба да има 2-неделно сослушување, а крајната одлука за иднината на Гугл ќе треба да биде донесена во август 2025.
Ова е најголемиот антимонополски случај против голема технолошка компанија од постапката што Вашингтон ја водеше против Микрософт пред две децении.
Летово беше пресудено дека Гугл ги прекршил антимонополските закони и во онлајн пребарувањето и во текстуалните реклами на пребарувањето.
Процената на аналитичарите е дека растурање на компанијата е малку веројатно и покрај одлуките на судот, бидејќи Гугл со години ќе тера судски постапки против таква одлука.