Сем Алтман од ОпенАи, Масајоши Сан од СофтБанк и Лари Елисон од Оракл, во Белата куќа најавија компанија која Трамп ја нарече „најголем ВИ инфраструктурен проект во историјата.“
Компанијата ќе се вика Старгејт, ќе стартува со 100 милијарди долари, за неколку години инвестициите треба да достигнат цифра од 500 милијарди а проектот да креира 100.000 вработувања во САД.
Илон Маск јавно се посомнева во големите планови.
„Ги немаат тие пари. СофтБанк има обезбедено далеку помалку од 10 милијарди и тоа ми е потврдено,“ пиша Маск на својата платформа.
Штом Алтман е во игра, беше јасно дека проектот нема да мине мазно кај Маск бидејќи тој е во правен спор со Опен Аи и Алтман. Во неколку наврати има кажано дека не му верува на Алтман бидејќи ЧетГПТ ја напушти својата изворно непрофитна мисија со посветување на најнапредните ВИ технологии за приватни клиенти.
Алтман не остана должен па го покани Маск на првата градежна локација на која веќе се работи.
И други извори тврдат дек Маск греши, дека СофтБанк има обезбедено 24,3 милијарди долари кеш а и Сатја Надела од Микросфот го потврди своето учество со 80 милијарди долари.