Во иднина РИМ (производителот на БлекБери) веројатно ќе биде школски пример за тоа како не треба да се соочиш со пазарот и како да ги изнервираш сите по пат.
Во една од последните навреди до јужнокорејскиот претседател, државните медиуми на Северот го нарекоа Ли Мјанг-бак "ѓубре човек," и "инфериорен ум со знаење од 2 мегабајти." За ѓубрето понатаму ќе решаваме, што е со меморијата?
Првиот човек на Инстаграм, Кевин Систром, и сега веќе една од најуспешните приказни од Силициумската Долина, кој успеа за 18 месеци да направи софтверска компанија вредна 1 милијарда долари, никогаш нема студирано програмирање.
Инстаграм е една од најпопуларните апликации која беше достапна само за Ајфон. Неделава таа се појави и на Андроид, и по пат успеа да ја продлабочи класната војна меѓу корисниците на двата видови смартфони.
Работата на Виндоус 8 ќе заврши до крајот на летото, а првите компјутери со новиот оперативен систем треба да се појават во октомври, барем така тврдат аналитичарите .
27-ми јануари 2010-та, Стив Џобс се појавува на сцената и го објавува iPad-от. Изгледа интересно, ама не си сигурен дека треба да го купиш. За момент ја разгледуваш неговата позиција.
На конференцијата во Сан Франциско, првиот човек на Епл, Тим Кук, ја претстави третата генерација на iPad. Најрано што ќе може да ја имате е следниот петок (16. март).