Трите инвеститори кои ја бараат оставката на Гејтс, заедно поседуваат 5% од акциите на компанијата, наспроти нив Гејтс има околу 4,5% од компанијата вредна 277 милијарди долари и е најголемиот поединечен акционер.
Оставката од Гејтс се бара по основа дека неговото присуство на бордот го спречува усвојувањето на нови стратегии и дека тој би ја ограничил моќта на новиот ЦЕО на компанијата да направи суштински промени. Тие посебно го нагласуваат присуството на Гејтс во комитетот што треба да го избере наследникот на Балмер.
Пред излегувањето на берза во 1986-та Гејтс поседуваше 49% од Микрософт. По однапред утврден план тој годишно продава по 80 милиони акции на Микрософт. Со ова темпо Гејтс до 2018-та ќе остане без никакво финансиско учество во компанијата.
Дополнителната забелешка на инвеститорите е и дека моќта на Гејтс не е пропорционална на неговиот акционерски удел.