Идејата е дека Инстаграм би го вовел копчето а целата работа околу печатењето би ја аутсорсирал, на компании како CanvasPop или Shutterfly кои би се погрижиле за печатењето. Иако ти би извадиле многу повеќе пари ако самите го вршат печатењето, аналитичарите сметаат дека Инстаграм нема да сака да се зафаќа со ова.
Целиот муабет е од Адријан Саламуновиќ, основачот на CanvasPop (сервисот за печатење на фотографии од Инстаграм), кој идејата ја има разговарано со Кевин Систром и со Емили Вајт (директорката за бизнис операции на Инстаграм).
Математиката е дека дури и ако само 1% од 150-те милиони корисници на Инстаграм, во просек направат промет по само 40 долари месечно (што според него е сосема очекувана сума), тоа би било 60 милиони долари месечно или 720 милиони долари годишно.
Сепак сега за сега, Инстаграм нема такви планови. За ова големо влијание има самиот Систром кој не е заинтересиран за најразличните начини за брзо збогатување од Инстаграм, кои почнаа да се развиваат околу сервисот (Полароид дури објави дека 2014 ќе има физички Инстаграм фотоапарат). За сега, Систром и неговиот тим работат на подготовките за пуштање на реклами на Инстаграм.