Главната причина за вака високата плата е што и покрај сите пари кои се вливаат во Силициумската долина, бројот на А-класа талент и натаму не е пораснат. На ова треба да се додаде дека и технологијата станува се покомплексна, заради што и позицијата станува неопходна во речиси секоја нова компанија.
Заради ова компаниите се трудат на сите можни начини да го освојат целиот достапен талент, Од бесплатните кафетерии на Гугл и Фејсбук, до нудење на службен Тесла автомобил.
Она што Фрај го побарал, на почетокот од годината кога влегува во Твитер, се акции кои сега вредат 10,1 милион долари, годишна плата од 145.000 долари и 100.000 долари бонус. За споредба човекот што работи на истата позиција во Фејсбук, заработува 24,4 милиони долари.
Во Силициумската долина сосема регуларна категорија се т.нр. "10х" инженери, кои во основа се луѓе што се толку талентирани што тој или таа вршат работа за 10 инженери. Токму ангажирањето на ваков инженер на врвната позиција во компанијата е единствениот начин да регрутирате други 10x инженери.
Инаку, годинава просечната инженерска плата е околу 100.000 долари годишно, и таа е за околу 13 илјади долари помала од минатата година, пред се заради тоа што компаниите во недостаток на талент се одлучуваат да ангажираат луѓе со помало искуство.