Бизнис

Компаниите што се помоќни од држави

Во 50-те се основа сметководствената фирма Артур Андерсен. Еден од поголемите проекти што ги добива е инсталирање на компјутер за Генерал Електрик кој ќе служи за автоматизирање на наплатата. Во 89-та, консултантскиот сектор се одделува како Андерсен Консалтинг. Денес се Аксентур, имаат над 370.000 вработени во над 55 држави и никој не може да им го фати крајот.

Магијата на фармерките на Лидл од 475 денари

Како е можно денес на скапиот Запад  да се понудат фармерки за помалку од 500 денари? Лесно. Жената од евтиниот Исток која ги направила ќе ја платиш 23 денари за десет пара.

Како се прават листите на милијадери

Списокот на најбогати луѓе на светот претставува "чисто мерење на тоа кој од кого има повеќе пари," тврдат двајца новинари кои ја пишуваат книгата Форбс 400. Според луѓе кои работат на слична ваква листа (Блумберг индексот на милијардери) не е баш така едноставно.

Будењето на играчките

Последното продолжение на Ѕвездени војни собра над 2 милијарди долари во приходи и тоа само од кино благајните. Пари собраа и сите околу него, посебно играчките.

За што е во право најомразениот човек на интернетот

Лани, кога за 50 пати ја крена цената на Дараприм, аргументот на Шкрели беше - што сакате зборете за мене, ама сите го прават ова. Излезе дека, иако не е оправдание, аргументот му е на место.

Зошто 40% попуст не значи тоа што мислиш дека значи

Под притисок на повеќе групни тужби, американските синџири на продавници решија со купувачите малку да ги разјаснат работите околу тоа како тие го пресметуваат попустот.

Што му текна на Амазон да отвора продавници?

Дојавата која во медиумите стигна преку надворешни извори е дека Амазон планира низ Америка да отвори 300 до 400 физички продавници. Ова за многумина, вклучително и за противниците на идејата во компанијата, е спротивно на здравиот разум.

Што сè во моментов е поскапо од нафтата

Додека се дебатира околу тоа на кого му одговара евтина нафта, за која економија таа е добра, а за која е лоша, цената на барел нафта падна речиси и до 27 долари.

Каде згрешија економистите околу слободната трговија

Американските економисти се колнеа и го ширеа концептот на слободна трговија како еден од клучни столбовите кои мораат (ова мора не може да биде доволно нагласено) да бидат дел од уредувањето на секоја држава. И тогаш се појавија Кинезите.

Кои ти се шансите да станеш милионер?

Пресметката е правена за американски услови и граѓани, без разлика на тоа, таа носи неколку глобални заклучоци - како тоа дека иако расата е најважна за вашите шанси за збогатување, без разлика без разлика на бојата на кожата образованието е клучен фактор за зголемување на шансите да направиш пари во живот.

Газда, алал да ти се парите

Секој што ќе го прочита ова сигурно е меѓу 99% небогати луѓе на светот, и според последните математики сите ние 99-проценташи да се собереме, пак ќе имаме помалку пари од најбогатиот 1%.

Кинескиот шопинг низ Европа

Кинезите последниве неколку месеци дома имаат сериозни проблеми со берзата. Надвор од дома Кинезите немаат никаков проблем со купувањето на најразлични компании низ Европа, посебно во Германија. Не само што немаат проблем, туку се и неочекувано галантни.

29-те минути што ја потресоа глобалната економија

Во четвртокот, 7-ми јануари, во 9:30 по локално кинеско време берзите почнуваат со работа. Во 9:42 следува остар пад на берзите во Шангај и Шензен, што го активира новововедениот безбедносен систем (против финансиски крах) кој го прекинува тргувањето на 15 минути. Пред активирањето на системот, за овие 12 минути работа, индексот на двете берзи е паднат за 7%.

Арапите ќе воведуваат данок

Советот за заливска соработка, лабава федерација на шест арапски држави, донесоа одлука дека нивните граѓани за прв пат во историјата ќе треба да плаќаат ДДВ.

Како Марк Закерберг му помага на Марк Закерберг

Веста е дека Закерберг и неговата сопруга донираа 45 милијарди долари во добротворни цели. Барем така беше пренесено, и како такво ова не е точно.

Америко, и Богу си лесна!

Како дел од Црниот петок (или како дел од некој внатрешен зол социолошки експеримент) Cards Against Humanity, популарната и политички некоректна игра со карти, на својот сајт ја имаше понудата на сезоната: платете ни 5 долари за апсолутно ништо. Кратката верзија на сторијата е - од апсолутно ништо заработија 71.000 долари.

Упорниот проблем со офшор сметките

Проблемот со сите решенија околу спречувањето избегнување данок е што најчесто она што е изводливо во теорија, политички не е замисливо ни да се започне, а и да се започне уште од прв ден е осеудено на пропаст.

Будистичкиот свештеник кој стана милијардер

Ако е точно она што го тврди овој 83 годишен милијардер, тогаш некои клучни лекции кои стадардно се предаваат по бизнис школите ширум светот се погрешни.

Закерберг + 580 милиони долари

И покрај тоа што хејтерите сакаат да го претстават како непродуктивно џаболебарење, вашето дремење на ФБ и се што правите таму носи сериозно голем финансиски ќар. Малку разочарувачки е што нема ќар за вас или за кој било што го познавате, ама на пример на Закерберг му донесе 580 милиони долари само во последниот квартал.

Твитер акција: Акции за Твитер

Ко-основачот и актуелен шеф на Твитер реши една третина од своите акции да им подели на вработените. На оние што ја преживеаа последната чистка. 

Маркс ќе фатеше на кладилница

Глобалната економска ситуација сè подрастично наликува на системот во кој од една страна имате пар фараони а од друга огромен број робови. Пазете ја оваа статистика: 0,7 % од светската популација го има во своите раце речиси половина од целото светско богатство. Долните 71 проценти поседуваат само 3 проценти од истото. А нит се буди исток, нит се буди запад.

Бадвајзер и Стела нови газди на Гролш и Милер

Анхаусер-Буш Инбев се согласи да плати 93 милијарди евра за купување на САБМилер, со што е создадена компанија на која отпаѓа една третина од вкупната продажба на пиво во светот.

Уште четири производители паднаа на тестовите за дизел

Хонда, Мазда, Мерцедес и Мицубиши, испуштале значително повеќе штетни гасови (азотни оксиди) за време на возењето отколку на лабораториските тестови, покажуваат податоците што ги објавува Гардијан.

Како се избегнува данок од 620 милијарди долари

Три од четири американски компании од топ 500-те на Форчун, имаат барем една офшор подружница, со тоа што некои имаат регистрирано и над 100. Само овие 500, преку офшор филијалите, избегнуваат да платат околу 620 милијарди долари данок.