Уште од самиот почетокот на походот кон Белата куќа, Трамп константно го нагласуваше своето бизнис искуство и како неговите преговарачки способности се супериорни во однос на вештините на Обама и Хилари. Кратко откако стана претседател тој самиот се пофали во Њујорк тајмс: "Теоретски јас би можел совршено да го водам мојот бизнис, а потоа и земјата да ја водам совршено".
"Па од сите начини на кои Трамп можеби посакува да биде оценуван, најфер кон него би било да биде оценуван како ЦЕО. Заборавете на идеологија, политичка агенда, и дали сте гласале за него; само судете за него според тоа дали бил компетентен директор. Дали би го оставиле да биде главен? Или би свикале итен состанок на бордот?" пишува Џон Миклтвеит во Бизнисвик.
Тргајќи корпоративно, Миклтвеит реди неколку постапки кои не смеат да му се случат на кој било ЦЕО што сака да си ја задржи работата:
- Драмата со отпуштањето на Коми е последната од листата прекршоци за кои би бил отпуштен секој нормален ЦЕО.
- Обвинувањата дека Трамп пренел доверливи информации на Русите, ако му се случат на кој било ЦЕО ќе биде директна причина за судир со бордот.
- Назначувањето на блиски роднини без потребно искуство на важни позиции обично не се смета за знак за добро корпоративно владеење.
- "И последно, секој ЦЕО кој во јавност ќе изјави нешто што е очигледно неточно ќе се најде во сериозни проблеми. Тие што одбиваат брзо и задоволувачки да се коригираат самите себе најчесто мора да си заминат."
Според него ЦЕО-то на САД има четири главни грешки: не ги врши работите; не успева да изгради силен тим околу себе, посебно во домашната политика; не се справи со судирот на интереси; и нема никаква комуникација.
"Многу е потешко да се постигне нешто во политика отколку во бизнисот, како што ќе ви кажат многумина бизнисмени кои станале политичари.
Меѓутоа евиденцијата на досегашните потези на Трамп би извадиле од памет кој било корпоративен орган за проценка на успешноста.
И покрај тоа што неговата партија ги контролира Сенатот и Претставничкиот дом, предлогот за здравствена заштита никако да му пројде; Трамп изгледа ја направи основната ЦЕО грешка сакајќи да се ослободи од нешто без да има поим со што да го замени.
Даночната реформа, уште една важна тема, моментално на хартија исполнува само една страна. Ако кој било ЦЕО го покаже тоа на својот борд, тие ќе помислат дека е некоја шега за 1-ви април.
Деталите околу неговиот план за изградба на инфраструктура од 1.000 милијарди долари допрва треба да бидат испорачани пред Конгресот," објаснува Миклтвеит.