Компанијата на Џеф Безос која на берза излегува на 15 мај 1997 денес вреди баснословни 460 милијарди долари, што е два пати повеќе од Волмарт, "кралот" на физичките продавници (иако Волмарт има 3 пати поголеми приходи).
Само 3 компании на светот моментално имаат поголема пазарна вредност од Амазон, и тоа Епл, Алфабет и Микрософт. За годинава се очекува Амазон дека ќе генерира вкупни приходи од 160 милијарди долари. Сумата е 40 милијарди долари поголема од годишниот приход на Таргет, Бест бај, Мејсис и Барнс енд Нобл, заедно.
Откако деценија и кусур растураше во продажба, Амазон полека почна со нудење на "клауд" услуги, па кога веќе ги има серверите влезе и во "Нетфликс бизнисот" со нудење видео содржини.
За сега барем чисто за свои потреби, Амазон инвестираше и во товарни авиони со цел да има повеќе контрола врз процесот на испорака, а работи и на тестирање на испорака со дронови.
Според бројките од 2017, Амазон има 341.000 вработени.