Според извештајот на една од најголемите кинески компании за нарачување и испорака на храна, земјата во 2016 има потрошено во 507 милијарди долари на јадење надвор (сè што потпаѓа под кафани, ресторани, брза храна и нарачки).
Втора работа што се открива во извештајот на Дианпинг и Меитуан е дека омилена кинеска храна е - (нешто налик) манџа, на која отпаѓа 22% од пазарот. (Под манџа се мисли на ова.)
Споредбата на резултатите од извештајот со бројките од Светската банка покажува дека кинескиот апетит во ресторани е поголем од БДП-то на сериозно развиени држави како - Шведска, Норвешка, Австрија или Емиратите.
Во случајот со Шведска, излегува дека Кинезите во 2016 по ресторани оставиле 11 милијарди долари повеќе отколку што Швеѓаните вкупно произвеле или дале услуга во истиот период.