Најочигледното објаснување е дека кутија цигари што порано во просек чинела 3,73 долари, денес чини 6,42 долари. Иако компаниите губат пушачи, тие ова го компензираат со поскапување на нивната навика. Според Вол стрит журнал минатата година Американците трошат повеќе пари на цигари отколку на пиво и сода заедно.
Она што се случува во исто време и намалување на бројот на големи тутунски компании во САД од седум на две. Ова ги намалува трошоците на нивното работење и им дозволува да се послободни во одредувањето на цената на производите. Овие две компании, Алтриа (Марлборо) и Рејнолдс Американ произведуваат 8 од секои 10 цигари во САД.
Ќарот на американската тутунска индустрија е поголем отколку во остатокот од светот и затоа што САД имаат пониски даноци отколку другите развиени земји.
Вака позитивните исходи резултираа и со скок на акциите на производителите на цигари, па според Вол стрит журнал во последните 10 години Тутунскиот индекс е зголемен за 178%.