На берзите им се имаше собрано отпуштањето на директорот на ФБИ, Џејмс Коуми, гласините дека тој е отпуштен за да биде прекината истрагата околу Трамп и Русија, како и тврдењата дека за време на посетата на Лавров на Белата куќа, Трамп му има откриено доверливи информации.
Блумберг индексот на милијардери проценува дека најбогатиот човек на светот, Бил Гејтс, е во минус од 1 милијарда долари (што го остава со 86,8 милијарди долари).
Првиот човек на Амазон, Џеф Безос, откако минатата недела се најде на второ место на листа, со само 4 милијарди зад Гејтс, во падот на берзите ем изгуби 1,7 милијарди долари, ем падна на второ место.
Ова на второ место го врати Амансио Ортега, кој изгуби 355 милиони долари и денот го заврши проценет на 83,2 милијарди долари.
Најголем загубар е Зукерберг со пад од 2 милијарди долари, а вредноста на неговата компанија падна за 3,3%. Зукерберг со 62,3 милијарди долари е петтиот на листата милијардери.
Трамп, кој е првиот милијардер што служи како Претседател на САД, е проценет на 3 милијарди долари, и со овие пари не успева да влезе во топ 500-те милијардери на Блумберг.