Бизнис

Како се избегнува данок од 620 милијарди долари

Три од четири американски компании од топ 500-те на Форчун, имаат барем една офшор подружница, со тоа што некои имаат регистрирано и над 100. Само овие 500, преку офшор филијалите, избегнуваат да платат околу 620 милијарди долари данок.

Зошто уште постојат визит-карти?

Големи се, ти сметаат каде и да ги ставиш, никогаш не ти вршат работа кога ти треба итно да најдеш некоја информација и не е јасно како и понатаму пркосат во време на Твитер, Линкдин и генерално интернетот.

Како Фолксваген упропасти 55 години одличен маркетинг

Германците својот влез на американскиот пазар го почнуваат со сега веќе легендарната кампања со слика од Буба под која пишува "Лимон" а во текстот се објаснува оваа Буба (лимонот во приказната) заради најмала дамка не е товарена на бродот за САД. Од тогаш компанијата има феноменална маркетинг серија која трае 5 и пол децении.

Швајцарците гледаат ќар во бегалците

Швајцарската банка им се отвора на клиентите дека ова што се случува со бегалците во Европа се одлични вести за економијата и на краток и на долг рок.

Како Фолксваген заглиби во чистиот дизел

Германската компанија е пред групна тужба откако призна дека фабрички ги штелувале сензорите на 11 милиони автомобили за да покажат пониски нивоа на загадување. Фолксваген во своја одбрана има да каже - дајте ги адвокатите на Бритиш Петрол за Дипвотер Хорајзон.

Човек на човека е амбициозен ЦЕО

Компанијата Туринг Фармасутикалс во август ги купи правата за Дараприм, лек кој се користи во третманот за токсоплазмоза, а исто така им е потребен и на ХИВ позитивните пациенти. Една таблета Дараприм чинеше 13,5 долари, откако Туринг ги купи правата таа e 750 долари, или околу 5.000 проценти поскапо. На ЦЕО-то на компанијата не му е јасно што е спорно тука.

Кина за 22 дена го изгуби целиот БДП на Британија

Аналитичар од Банката на Англија ја разложува загубата на кинеските берзи за време на кризните 22 дена од летово, кога нивниот индекс имаше пад во вредност од 2300 милијарди евра.

Проблемот со таргети во здравството

Британскиот медицински журнал неделава објави извештај во кој ги обвинува докторите од приватното здравство дека често пати на своите пациенти им препишуваат непотребни тестови, третмани и операции со цел да ги остварат зацртаните квоти.

Зошто е паниката на светските берзи?

Минатиот петок берзите низ светот, под притисок од случувањата на кинеската берза, брзаа да затворат само за да не им се случи уште поголема загуба. Во понеделникот отворија со страв, по кој следуваше дополнително понирање на вредноста на акциите.

Како банкарите на Вол Стрит куртулија од затвор

На 27-ми мај новиот јавен обвинител на САД го отвори обвинението по 47 точки против 9 функционери на ФИФА. Прашањето од Атлантик е: "како стигнавме до позиција каде злоделата на Вол Стрит минуваат речиси неказнети, додека апсиме фудбалските функционери во Швајцарија, што во најдобар случај е матно."

Колку ќари Германија од грчката криза?

По нивни домашни пресметки грчката должничка криза на германската влада и има заштедено околу 100 милијарди евра преку пониските трошоци за позајмување пари бидејќи во овој период пазарот ја наоѓа својата безбедност во германските обврзници.

Алфабет е новиот сопственик на Гугл

За да ги појасниме овој и сите наслови кои ќе се појават, Алфабет не го купи Гугл, Алфабет не е новото име на Гугл, Алфабет не дел од Гугл, туку Гугл формираше ја формираше Алфабет која ќе биде мајка компанија и сега Гугл ќе биде нејзин дел.

700.000 долари за раат на Тим Кук

Сумата од 700 илјади е парите што Епл годишно ги плаќа за физичко обезбедување за првиот човек на компанијата, и ова не е ни приближно најскапото обезбедување на еден американски ЦЕО.

На Кина не и требаат ни (толку) луѓе

И покрај тоа што работната сила е еден од најобилните ресурси на земјата, во Кина се отвори првата фабрика (скоро) без работници, (речиси) комплетно управувана од роботи. За почеток одлично и оди.

Пејџ и Брин го растурија неработниот петок

Некаде околу пладне во петокот вредноста на акциите на Гугл достигна раст од околу 15% во однос на утрото, најголемиот 1-дневен скок на акциите во историјата на компанијата.

Деновите на грчката мизерија

Откако неколку годишната драма резултираше со апсолутно никаква новина - Грците ќе останат во еврото и ќе добиваат пари, а ЕУ ќе глуми дека е лута и ќе им дава пари, фино е да се направи една пресметка за ужасот во кој живеат и како преживуваат напатените грчки граѓани.

Кругман против штедачите

Пол Кругман е економист со Нобелова награда и колумнист на Њујорк Тајмс кој од почетокот на финансиската криза има напишано 74 колумни и блог постови против "остеријанците" - поддржувачите на владините мерки за штедење (austerity) како одговор на рецесијата.

Минусот од 140 милиони долари што никој не го есапи

Од феноменален потенцијал пред премиерата Тумороуленд се претвори во едно од најголемите финансиски и кино разочарувања на Дизни, кое на студиото му потроши цели 330 милиони долари, од кои околу 140 милиони долари никогаш нема да ги види. И никој не е загрижен околу ова, ниту Дизни, ниту инвеститори.

ММФ: Само богатите имаат ќар од парите на богатите

Извештај изработен од 5 економисти на ММФ ја отфрла идејата за "економија на прелевање," односно дека целото општество има корист од богатењето на најбогатите, и препорачува дека ако владите сакаат да ја зголемат стапката на раст треба да инвестираат во најсиромашните 20% од граѓаните.

Како МекДоналдс изгуби милијарди долари

Приказната завршува со извештајот на Чипотле за 2014-та и годишен приход од 4,11 милијарди долари и 192 нови отворени ресторани. Почнува во 1998-ма со мал синџир ресторани.

Човекот што годинава заработи 22 милијарди долари, и ги изгуби

Пан Сутонг е малку познат тајкун за недвижнини и електроника, базиран во Хонг Конг, чија нето вредност годинава растеше побрзо и од вредноста на Џек Ма, сопственикот на Алибаба груп, по неговото излегување на берза.

Објаснување на зделката Веризон - АОЛ во два графикона

Клучните зборови кои би го објасниле тоа зошто Веризон плаќа 4,4 милијарди долари за АОЛ се: мобилни и видео.

Суптилната наука на продавање

Ако ви кажам дека ова е најважната статија што ќе ја прочитате неделава веројатно нема да ми верувате. Ама што ако ви кажам дека 75% од вашите пријатели се согласуваат со мене? Или ако можам од никаде да го извадам фактот дека 9 од 10 луѓе на ваша возраст, образование и приходи ја оцениле статијава како релевантна за нив? Тогаш е поверојатно дека ќе продолжите со читање. Исто е и со продажба, објаснува Тифани Вен за БиБиСи.

Најисплатливото покачување плата

Пред некој ден пишувавме за ЦЕО-то кој по основа на истражување што го прочитал на интернет го крена минималецот во својата фирма на 70.000 долари годишно. Денес пак пишуваме за него по основа дека по ова е преплавен од нови клиенти.