Само федералните власти извадиле 7,7 милијарди евра вишок, додека на останатите 16 сојузни покраини отпаѓа преостанатиот вишок пари од 16 милијарди евра.
Ова е највисок буџетски суфицит на Германија од обединувањето во 1990, и е трета година по ред како Германците имаат повеќе приходи отколку расходи.
Новиот вишок е "директен резултат на здрава економија и рекордно ниска невработеност, што носи дополнителни милијарди од данок на приход и продажба во државната каса."
"И тоа не е сè" според очекувањата на Бундесбанк, во првиот квартал од годинава економијата дополнително ќе порасне по основа на поголема потрошувачка и "и градежен бум кој се поврзува со специјалната програма за сместување на бегалците".
Вишокот пари има и свои критичари кои суфицитот го сметаат како знак дека државата премалку вложува во модернизирање на инфраструктурата на земјата.