Навреме да побараме влез во Турција?

Светската економија игра со нов шпил карти

Сликата за тоа како ќе изгледа светската економија за 30 години никако не им одговара на волците од Вол Стрит. Анализа на Прајсвотер Хаус покажува дека завршува економската хегемонија на САД и ЕУ а на сцена доаѓаат 'некои нови клинци'. САД ќе бидат претркани од Кина и Индија а во Европа најмногу ќе расте Турција.

Влијателната консултантска куќа предвидува Кина до 2050 година да ја има најголемата светска економија а САД да го изгубат ритамот и да бидат трети, после Индија.

Уште пред три години Кина ја претрка Америка во БДП искажан преку паритетот на куповна моќ (PPP), што се смета за попрецизен индикатор на економските состојби отколку вкупниот БДП.

По тројката Кина, Индија и САД би следувале Индонезија, Бразил, Русија, Мексико и Јапонија. Единствена земја од ЕУ во оваа топ десетка ќе биде Германија на 9-тото место а листата ја затвора Велика Британија.

Уделот на ЕУ (без Британија ) во вкупниот БДП би паднал под 10% и ќе биде помал од оној на Индија. Меѓу 2-те земји од ЕУ најбрзо може да расте Полска, Британија ќе има побрз раст од просекот во поранешното ЕУ друштво а Турција може да биде земја со најголем раст на европска територија бидејќи има услови за постојан 3% раст во следните 3 децении. Во Јужна Америка трката ќе ја води Колумбија.

Фасцинантно е сознанието дека до 2050 година економиите на Индонезија и Мексико ќе бидат поголеми од оние на Велика Британија и Франција додека Египет и Пакистан би ги претркале Италија и Канада.

Проценките се правени под претпоставка дека светот нема да го задеси голема несреќа од типот на нуклеарна војна или удар на астероид и во такво сценарио повеќе ќе профитираат оние економии со диверзифицирано портфолио а не оние кои се потпираат на стратешки суровини, каква што е, на пример, Венецуела.

Освен стабилноста на политичко и макроекономско ниво, за најбитни фактори на развојот се сметаат инвестициите во образованието, инфраструктурата и новите технологии.

 

 

19 февруари 2017 - 10:01