Бизнис

За враќањето данок

Заради комплетно поинаквиот систем, Американците целиот данок го плаќаат еднаш годишно, наместо секој месец да им се крати од плата и слични приходи. На топтан исплатениот данок, тие следната година добиваат и топтан поврат на данок (во просек 3.000 долари). Тоа што државата ти враќа толку пари воопшто не е за радување.

Плати за вас прекрасни луѓе

Во ретко кога виден ќар од "најновите истражувања покажаа дека," ЦЕО во својата компанија воведува минимална плата од 70 илјади долари откако на интернет чита студија дека парите го прават човекот среќен.

Логиката на автомобил од милион долари

Во изминатата деценија речиси секој производител на автомобили (барем тие што се претставуваат како луксузни) извадија модел со 7-цифрена вредност во долари. Како и за се, овие коли се' произведуваат затоа што некој ги купува.

Другиот во Ворен Бафет

Дојче Банк не смета дека е истиот човек или карактер, само ги прашуваат своите клиенти како би се чувствувале кога Гордон Геко би ја купил Крафт, откако пред две години го купи Хајнц?

Банкарката што ја спаси руската економија

Рускиот црн вторник се случува на 16-ти декември, денот кога рубљата е во слободен пад и завршува на рекордно ниско ниво. Елвира Набиулина, гувернерката на централната банка, го следи падот на рубљата на својот таблет и решава дека овој пат ништо нема да направи: "Русија повеќе нема да се бори со пазарот."

Кешоберачите

Корпоративна Америка чува доволно пари во готовина во банки за да ги купи Далас Каубојс 437 пати без да позајми ниту пара. Далас Каубојс вреди 3,2 милијарди долари.

Што му е проблемот на еврото?

Откако го достигна врвот во 2007-ма со курс од 1 евро за 1,57 долари, и период во кој Алан Гринспан прашува дали е време еврото да го замени доларот (а Жизел бара да ја плаќаат исклучиво во евра), денес тоа е паднато на 1 евро за 1,06 долари.

Африканецот што стана ЦЕО во Швајцарија

По раѓање е внук на првиот претседател на Брегот на слоновата коска, по карактер е една од најголемите бубалици во земјата кој како тинејџер успева да се запише во елитниот Екол Политехник во Париз. Во сето ова нема многу помош од татко му, кој добар дел од животот го минува во затвори, под обвинение за државен удар. Од јуни на Тиџијан Тиам му почнува 6-годишен мандат за ЦЕО на Кредит Свис.

Англичаните ги искинаа кладилниците

Заради една црна седмица во која на играчите им излегоа несекојдневно многу ливчиња и комбинации Вилијам Хил објави дека нема да ги исполни очекувањата (за заработувачка) за првиот квартал.

Мексиканско упатство за перење пари

Рецептите не се од Владата, туку од мексиканските картели и во основа се делат на два начина: перење пари преку финансиски институции, и без нив, со трговија и инвестиции.

Планот на Елон Маск за поразување на дистрибутерите на струја

Меѓу објавувањето на разочарувачкиот извештај за заработувачката на Тесла Моторс, и изјавата на Маск дека компанијата во иднина ќе вреди околу 700 милијарди долари, се провлече веста дека тој веќе работи на батерии што ќе може да напојуваат цело домаќинство.

Кој фрли најмногу пари на Супер Боул реклами

На 4,5 милиони долари за реклама од 30 секунди, редно е и малку подетално да знаеш како ти минало видеото кај публиката. Ембед.ли пресметува колку пари платиле брендовите и колку минутажа собрале за тоа.

Инвестициски совети од порно ѕвезди

Сосема сериозна новинарска куќа (за млади и возрасни) праша сосема сериозни актери (само за возрасни), да одговорат на сериозна тема: Каде би  инвестирале свои пари? Наравоучение: знаат тие добро што се случува наоколу, но, сепак, поевтино е да ги погледате отколку да ги послушате.

Турција и мистериозните 7,9 милијарди долари

Во 2013-та Турција привлекува 90 милиони долари во приходи од необјаснети извори. За првите 8 месеци од 2014-та по истата основа Турција привлекува 7,9 милијарди долари. Во следните 3 месеци 5,6 милијарди од овие пари ја напуштаат земјата.

Предлог шаблон за секој иден состанок

20 сопственици на бизниси од Финска деновиве ќе имаат презентација пред инвеститори. Разликата со другите презентации, е што тие што ќе презентираат ќе зборат до пола влезени во замрзнато финско езеро, што е коректен критериум за да одредиш (за која било ситуација) кој стварно верува дека има нешто да каже.

Фатаморганата на 20-те проценти на Гугл

Идејата е дека вработените во Гугл можат да трошат 20% од работното време на лични проекти. Според Мариса Мајер (еден од првите вработени на Гугл, сега ЦЕО на Јаху), баш и не можат.

8 факти за Ворен Бафет и неговите пари

1. 99% од своето богатство Бафет ги заработува по 50-от роденден. Во бројки тоа е 62,7 од вкупно 63,3 милијарди долари. На 50 години почнал со околу 600 милиони.

Најомразената компанија во Америка

Статусот се добива по основа на 70 илјади интервјуа и еден куп други фактори што седнуваат да ги пресметаат од Универзитетот Мичиген за Американскиот индекс на задоволство кај потрошувачите. Победник е Тајм Ворнер Кејбл.

Лошиот бизнис модел што го освојува светот

Она што беше основа на целата индустрија за бричови и жилети (продај им евтина рачка, па вади ги парите од жилетите), сега стана бизнис модел на речиси секоја индустрија од мобилни телефони до кафемати.

Фунтата на курви и дрога

Британија неодамна стана 5-та најголема економија во светот, превземајќи ја позицијата од Франција. Интересниот дел е како стана 5-та.

Како Путин ја стабилизираше рубљата (барем за сега)

Моментално доларот се менува за 55 рубљи, што е еднакво на чудо по колапсот од минатата среда кога таа беше на ниво од 88 рубљи за долар.

Алибаба (АлиЕкспрес) и фалсификатите

На проблемот со фалсификувани производи и заштита на потрошувачите од копии, кинескиот Алибаба груп од 2013-та до сега има потрошено околу 160 милиони долари. За овие пари, од сајтот имаат исчистено околу 90 милиони понудени производи.

Зошто рубљата колабира

Во рок од 24 часа вредноста на рубљата падна за околу 19% што е најголемиот пад во последните 16 години (од времето пред појавувањето на Путин). Сега Русите гледаат на секој начин што можат да ги потрошат парите на некоја скапа стока или да ги заменат за странска валута.

Новиот нов светски поредок

За прв пат по над 140 години (од 1872-ра), САД повеќе не е најголемата економија на светот. Новиот господар е Кина, барем според бројките на ММФ.