
На почетокот од 2015, Мартин (инаку не е вработен во компанијата) учествува во реферал програмата на Џет, во која секој учесник добива уникатен линк кој треба да го споделат што е можно повеќе луѓе. Човекот со најсподелуван линк за награда добива 100.000 акции од компанијата, а следните десет учесници по споделени линкови добиваат 10.000 акции.
Мартин е прво место и ги добива овие 100.000 акции пред се благодарејќи на околу 18.000 долари што ги троши на реклами (банери) за промовирање на неговиот линк.
Иако и Мартин и Џет одбиваат да соопштат колку пари ќе заработи од продажбата, Фјужн проценува дека неговиот удел во компанијата во времето кога ги доби акциите изнесува меѓу 10 и 20 милиони долари.
Мартин се вклучува во натпреварот некаде околу средината на јануари 2015, иако тој почнува уште во ноември претходната година. Во тоа време конкурсот има над 230.000 учесници.