Репортерот на БиБиСи кој ја прави сторијата објаснува дека самиот град кај што се наоѓа "рудникот" е толку високо на планина што мора да си носиш сопствени боци со кислород.
Основач и сопственик на компанијата што го прави ископувањето, Битбанк, е 30-годишниот Чендлер Гуо, кој потекнува од богато семејство што своите пари ги прави од фарма со говеда.
Гуо почнува со бизнисот пред 2 години. Во тоа време на Кинезите отпаѓаат 40% од глобалното копање на биткоини, денес веќе се стигнати до 70%. Моменталниот капацитет на рудникот е околу 50 биткоини дневно (курсот е 450 долари за 1 биткоин).
Тој веќе има два вакви рудника во Кина, а во изградба му е третиот, за кој тврди дека ќе биде најголемиот биткоин рудник на светот, на кој ќе отпаѓаат 30% од глобалното ископување на биткоини. "Рудник" најчесто е некоја нова или напуштена мега фабрика, во која секој можен сантиметар се зафаќа со полици кои се полнат со илјадници компјутери кои 24 часа се обидуваат да "ископаат" биткоин.