Откако 2014-та ја завршија со буџетски вишок од 8 милијарди евра, кога го носеа овој за 2015-та си ветија дека ќе заштедат 21 милијарда. Според последниот официјален државен извештај Германците сами себе се изненадија.
Во 2015-та тие имаат пораст и на приходите и на расходите, со тоа што крајниот резултат е во корист на приходите. За 2015-та државните приходи се 4,8% повисоки од претходната година и изнесуваа 1304 милијарди евра, расходите им се зголемени за 3,1% меѓутоа стигаат само до 1274,5 милијарди евра.
Според германското биро за статистики, Дестатис, ова е најголем буџетски суфицит од кога тие ги мерат бројките.