Понудата на Баер е 122 долари по акција на Монсанто, во готовина. Во петокот акциите на Монсанто на берза завршија со цена од 101,52 долари, што е 37% повисока цена отколку на 9 мај, ден пред Баер да поднесе писмен предлог до Монсанто.
Од Баер соопштуваат дека претставници на менаџментот на двете страни веќе се сретнале за "приватно да разговараат околу спогодбено преземање." Во исто време од Монсанто изјавиле дека ја разгледуваат понудата на Баер.
"Монсанто е одличен пар за нашиот земјоделски бизнис. Ние би комбинирале комплементарно искуство со минимално географско преклопување.
Купувањето на Монсанто одговара на сите наши услови за потенцијал за создавање вредност. Во исто време, постојните активности за консолидација во индустријата ја прави оваа комбинација неспоредливо привлечна," изјавил ЦЕО-то на Баер, Вернер Бауман, во видеото објавено на официјалната страна на компанијата.
Неговите очекувања се дека трансакцијата ќе создаде "значителна синергија" и ќе ја засили заработувачката во првата година по нејзиното комплетирање.
Со купувањето на Монсанто, земјоделските производи би заземале околу 50% од идниот бизнис на Баер.
Бизнисот со земјоделие на Баер произведува семиња и средства за уништување плевел, бубачки и габи. Монсанто произведува семиња за овошја, зеленчук и други култури, како и хемикалии за уништување плевел и заштита од бубачки.
Монсанто е озлогласен заради истражувањето и производството на ГМО, меѓутоа и покрај тоа неговите семиња моментално покриваат околу 90% од американските полиња засадени со пченка, соја или памук.
Баер има околу 117.000 вработени низ цел свет, Монсанто има околу 20.000.
Монсанто беше и во документарецот Food inc.: