ЦЕО-то Џон Леџер, кој компанијата ја води како "не-оператор", во соопштението околу новата услуга порачува:
"Овој потег е само едно големо благодарам до вас! Без обврски. Без финти. Само 'фала ви што сте ни корисник!'
Во Т-Мобиле, и онака секој ден го трошиме работејќи на нашите корисници - па одлучив да ја официјализирам врската и да ги претворам корисниците на Т-Мобиле во сопственици на Т-Мобиле..."
Корисниците ќе го добиваат акциите преку брокерска компанија, и нема да имаат никакви дополнителни трошоци за добивање или продажба на акциите годинава, ниту пак надомест за нив се додека се активни претплатници на компанијата. Со акцијата се опфатени 29,4 милиони постпејд претплатници на Т-Мобиле.
"Најголемиот дел од корпорациите се заблагодаруваат преку награди и програми за лојалност кои не се ништо повеќе од лошо спакувани обиди да се изманипулираат претплатниците да фрлат уште повеќе од нивните тешко заработени пари.
На 7 од 10 луѓе (72%) ова им е јасно и се согласуваат дека програмите за лојалност постојат за да извлечат уште повеќе пари од нив. Токму затоа и 90% од коментарите околу програмите за лојалност во социјалните медиуми се негативни и затоа претплатниците не се ни трудат да искористат над половина (58%) од програмите во кои учествуваат.
Т-Мобиле ова го врти наопаку и им се заблагодарува на корисниците притоа ништо не барајќи од нив," порачал Леџер во соопштението.