Спасот на американскиот "загубар"

Хостес е компанијата што го произведува Твинкис, едно од најамериканските јадења со нутриционистичка вредност на ниво на смоки. Без разлика на својот статус во американската исхрана компанијата мораше да банкротира, за дури потоа да се спаси со две ни најмалку фини, ни најмалку популарни мерки.

Она што ја спаси компанијата е одлуката да се отпуштат 95% од работниците што се во синдикат и зголемување на автоматизацијата. Од околу 8.000 вработени пред пет години, од кои 75% се членови на синдикат, компанијата денес има вкупно 1.700 вработени (во најдобрите времиња имале над 22.000 работници).

Главниот проблем околу синдикалните договори што ги има компанијата потекнуваат од нејзината историја. Почетоците на Хостес се пред стотина години (1919), таа во основа расте со апсорбирање на своите конкуренти. "Во овој процес таа завршува со 372 различни договори за работници, 5.500 рути за испорака и огромен, распространет систем на производство."

Пресвртот е откако најновите инвеститори ја вадат компанијата од банкрот. Тие во основа не ја купуваат целата компанија туку само некои одредени нејзини делови, за 410 милиони долари, што значи дека можат комплетно да ги изостават работничките договори што компанијата ги потпишува со синдикатите.

Откако ги решаваат работниците инвеститорите почнуваат со автоматизација на производството, па локалните пекари и мрежата на бројни точки на испорака ги претвораат во концентриран систем на производство и мрежа на магацини. Од таму испораката до продавниците се врши од логистички систем кој испорачува и други производи.

"Кратењето работни места е важно. Како што мора да се потсетиме себе си, работните места се трошокот за завршување на некоја работа, а не бенефиција. Треба ова да го имаме на ум кога зборуваме за минималната плата. Ние ќе го зголемуваме трошокот за луѓето да завршат некоја работа. Затоа компаниите или ќе вршат помалку работа или ќе вработуваат помалку луѓе. Во овој случај, Хостес одлучи да направи технолошки измени со цел помалку да зависи од човечкиот труд," пишува Тим Ворстал во својата колумна за Форбс.

11 јули 2016 - 10:12