Од овие 315 милијарди, околу 138 милијарди (или 23%) се истрошени резерви на Саудиска Арабија, по нив следуваат Русија, Алжир, Либија и Нигерија. Во последниот квартал на 2015-та, Саудијците потрошија 38,1 милијарда долари.
Во ноември 2014-та токму по предлог на Саудијците ОПЕК одлучи да се пресмета со САД и да зголеми својот пазарен удел, и тоа со зголемување на производството (наспроти дотогашното кревање на цената). По ова од просекот од 111 долари за барел сурова нафта во 2013-та, годинава просекот падна на 35 долари за барел.
ММФ проценува дека работењето со денешната цена на нафтата ја чини Саудиска Арабија околу 10% од годинешниот БДП, што е најмногу од 1998-ма кога барелот падна на 10 долари.
Ниската цена не само што ги цеди резервите на производителите на нафта, туку директно влијае и на финансиските фондови и на глобалниот пазар на валути. Целиот овој минус за сега се балансира од централните банки кои продолжуваат со купување на долговите.
И покрај состанокот во Доха, нема очекувања дека тој ќе подобри нешто на краток рок, барем не до крајот на годинава. Блумберг проценува дека дури во Доха и да се постигне договор за кревање на цената веројатно ќе станува збор за чиста козметика, бидејќи земјите моментално вадат нафта на рекордни нивоа.