Гигантот Унилевер реши да одвои импресивни една милијарда долари за купување на компанијата Dollar Shave Club.
Марк Левин и Мајкл Дубин се среќаваат на журка и паѓа темата колку безобразно скапи се бричевите и доминантниот бизнис модел со евтини рачки и скапи патрони.
Собираат нешто инвестиции и го формираат Dollar Shave Club, сервис кој по пошта доставува квалитетни бричеви за бадијала пари (најевтиниот пакет е три долари и за нив добивате 5 брича со двоен жилет), бесплатна рачка и со секоја месечна достава носат и забавен магазин.
Стартот им беше фуриозен, најмногу благодарејќи на шармантното видео кое стана вирално и го преплави интернетот: сајтот им се скрши од посети но за 6 часа го продале цел лагер а за 48 часа добиле нови 12.000 нарачки.
"Дали нашите бричеви се добри? Не, тие се ебено одлични!" вели Дабин, еден од основачите, кој е главен лик во рекламата
Во меѓувреме компанијата го прошири асортиманот и со производи за нега на коса и тело (велат, одлични), добија тужба од гигантот Жилет дека им украле некаков дизајн, но купуванката од една милијарда ги покрива сите детали од оваа приказна.
Ваквите е-комерц стартапи обично се купуваат за еден или два нивни годишни приходи. Унилевер реши да одвои 5 пати повеќе отколку што Dollar Shave Club ќе продадат годинава.