На 9-ти февруари, пред три месеци, акциите на Амазон се тргуваат за 482 долари по акција. Во вторникот, нивното тргување завршува на 703,07 долари по акција.
Компанијата сега се проценува дека има вредност од околу 332 милијарди долари. Најголем ќар од ова има токму Безос, кој поседува 17,6% од компанијата. Моментално овој удел во Амазон, на Безос му вреди 58 милијарди долари. Пред 3 месеци, истиот беше околу 40 милијарди долари.
Бизнис Инсајдер прави малку маалска математика, па објаснува дека овие 18 милијарди долари (на хартија) изнесуваат раст од 200 милиони долари дневно, или 8,3 милиони долари на час.