Иако основањето на офшор компанија е смешно лесно (подолу имате видео од една новинарка која основаше офшор компанија за својата мачка), нејзиното користење би било "колосално губење пари за човек се средни домашни приходи".
По американски правила, офшор компаниите вршат работа за избегнување данок само ако имаш големи приходи од поседување на најразличен имот, а не приходи од работење. (Проблемот е што даночната служба одлично го следи текот на парите што се исплаќаат за работа, и тие во основа не можат да стигнат до тебе, без да минат преку нив.)
И да имаш приходи од имот, овие приходи треба да бидат сериозно големи за да ти се исплати инвестицијата што треба да ја направиш за да се разработат сите запчаници во избегнувањето данок.
За човек да може да си дозволи "механизми за одбрана на богатството" (што во основа е нагалено за избегнување данок) на ниво на она што го нуди Мосак Фонсека, треба да има годишни приходи над 3 до 5 милиони долари. Додека основната услуга, само основање на компанијата, чини околу 1.000 долари, секој следен чекор бара експертиза од скапи адвокати и комплицирани алатки, кои на пример можат да формираат мрежа од офшор компании која ќе направи 30 милиони долари приход, пред даночните служби да изгледа како минус од 10 милиони долари.
На почетокот од 2000-те КМПГ одлучува да започне со продажба на поевтина верзија на оваа услуга, која би чинела околу 300.000 долари. Заради масовноста која ја добива проектот, услугата го привлекува вниманието на Конгресот, па за кратко време таа се укинува за да нема реперкусии во однос на посериозните клиенти.
Постапката чекор по чекор: