Таг: офшор

Како Епл крие милијарди долари данок со помош на остров од 118 километри квадратни

Откако во 2013 на ЕУ и прекипува од даночното глумење лудило на Ирска и почнува да ја гази својата членка да прекине со тинтрањето на мултинационалните корпорации, Епл се пушта во потрага по нов даночен рај. Го наоѓа во Англискиот канал веднаш карши брегот на Франција, на островот Џерси. Речиси инстантно централата на компанијата и 252 милијарди долари неоданочен приход беа преселени на островот.

Американските компании чуваат 2400 милијарди долари вон САД

По големина на купчето готовина Епл без конкуренција е на прво место, по сумата пари што се чуваат вон дофат на властите САД имаа друг шампион.

Колку треба да си богат за да ти користи офшор компанија?

Поставувајќи го ова на наједноставен можен начин, професорот по политикологија на Нортвестерн и автор на книгата Олигархија, Џефри Винтерс, објаснува: "само затоа што можам за евтини пари да купам багер, тоа не значи дека багер ќе врши работа за кај мене во двор."

Кога е ок да имаш офшор фирма?

Единствената причина за постоење и основање фантомска компанија е криење пари од некого. Во одредени случаи ова криење пари не мора да биде од крајно криминални побуди, иако така изгледа.

Како се избегнува данок од 620 милијарди долари

Три од четири американски компании од топ 500-те на Форчун, имаат барем една офшор подружница, со тоа што некои имаат регистрирано и над 100. Само овие 500, преку офшор филијалите, избегнуваат да платат околу 620 милијарди долари данок.

Кој не плаќа данок, има

Микрософт кон американската влада има сличен однос како другар што ти должи пари и секој пат кога ќе налетате еден на друг те поздравува, те гушка, и не ти ги ни спомнува парите, ама прашува како сте по дома. Само што во ова другарство Микрософт должи околу 30 милијарди долари.

Епското кинеско офшор богатство

Истата новинарска мрежа која минатата година собра 2,5 милиони документи со податоци за светски офшор компании, сметки и фондови, деновиве го објави својот извештај на тема Кина и офшор сметки на кинески функционери, на број - 22.000 клиенти.