Микрософт со 124 милијарди долари има најголем профит меѓу топ 500-те американски компании што е складиран вон земјата. Епл со 109 милијарди долари е на второ место (во САД има залиха во кеш од уште околу 140 милијарди), трети се Фајзер со 86, па Џенерал Електрик со 82 и ИБМ со 74 милијарди долари складирани, најчесто, на офшор сметки или даночен рај.
Не се работи за љубомора околу тоа кој каде ги чува парите, туку за тоа што чувањето пари вон САД е главна мерка на компаниите за избегнување на плаќање данок.
Минатиот месец американскиот претседател Трамп објави план за даночна реформа која предвидува еднократно оданочување на милијардите долари кои се чуваат вон САД, со пониска стапка отколку регуларната. Неговите очекувања се дека парите вратени во Америка со даночниот попуст би биле повторно внесени во американската економија преку капитални инвестиции и создавање работни места. За разлика од тоа што кажува планот, во неколку анализи се тврди дека ако компаниите ги вратат назад своите пари истите најверојатно ќе бидат искористени за откупување на своите акции, дивиденди, отплаќање долгови и порамнување финансиски извештаи.
Ова се топ 20-те компании: