Бизнис

Не, средношколец не заработи 72 милиона долари на берза

Њујорк Магазин во понеделникот ја објави сторијата за матурантот од Њујорк (по име Мухамед Ислам), кој за време на паузите меѓу часови во средно направил околу 72 милиона долари на берза. Сторијата е невозможна толку колку што ви звучеше невозможно.

Божја рака банкарска?

Ватикан во ревизија на своите банкарски сметки откри разлика од стотина милиони евра, за кои до сега не знаеле (или се правеле дека не знаат) дека ги имаат.

Како Ексон помогна за ирачки Курдистан

Во 2009-та Ексон потпишува 25 милијарди долари вреден договор за развивање на Западна Курна, едно од најголемите нафтени полиња на југот на Ирак. Во 2011-та тие како советник го ангажираат човекот кој бил специјален асистент на 5 американски амбасадори и 3 американски генерали во Ирак. Неговиот совет - бегајте на север.

Само 3 клубови имаат пари да ја освојат Премиер лигата

3-те клубови се Челси, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, моментално првиот, вториот и четвртиот на табелата. Како и на сите останати и на сите анализава не и е јасно што се случува со Саутемптон.

Руската економија под Путин

Без да се навлегува во тоа каде на крај завршуваат парите, од почетокот на владеењето на Путин во 2000-та, до сега руската економија е порасната за 8 пати.

Како изгледа олигархија

Бројките се американски и многу официјални (од даночно, од 2010-та), а според нив топ 400-те домаќинства од САД (топ 0,0003%) го заработуваат секој 6-ти долар (или 16%) што Американците го прават од продажба на акции, обврзници и недвижности (кои вредат над 500.000 долари).

Роди ме мајко стажант, и фрли ме во Силициумска долина

Моментално технолошките компании (низ светот) прават и трошат неверојатни суми пари. На толку пари, добро проаѓа и најдолниот сталеж во која било компаниска хиерархија - стажанти. (Забелешка, нивното добро, е наше спектакуларно.)

Колку пари е да отвориш МекДоналдс ресторан

Да почнеме од медот, пресметките се за американски пазар и според нив просечниот МекДоналдс ресторан генерира 2,5 милиони долари продажба годишно. Сега за трошоците.

Богатите и побогатите

Најбогатиот 1% од најбогатиот 1% во САД го сочинуваат околу 16.000 семејства со богатство од најмалку 111 милиони долари. Тие поседуваат околу 11% од вкупното богатство на САД и не се срамат да ги трошат парите.

Обратната ера на банките

Комплетната банкарска пирамида се базира на тоа да се наградуваат оние што ти ги оставаат парите да им чуваш (штедат), и да се казнуваат оние што ти земаат пари за да трошат (кредити). Сега, заради висока математика, се е тргнато наопаку.

Алибаба и милионите самци

Денот на самците е нешто како анти-Валентајн празник кој во Кина се слави последниве две децении. На овој ден, само една компанија, Алибаба, ќе има поголема продажба отколку што во САД на Црниот петок и на Сајбер понеделникот заедно ќе биде продадено преку интернет.

Хербалајф со додаток на пирамидална шема

Мултилевел маркетинг компанијата (која регрутира луѓе од кои и на Јеховини сведоци им се смачува) се согласи да исплати 15 милиони долари за вон-судско решавање на тужбата дека функционира како пирамидална шема.

Информирање за рекламирање

10 + 1 интересни работи што денес се случуваат во адвертајзинг светот (и кај нас) а не е лошо да се знаат.

Големата нафтена игра

Цената на нафтата и натаму паѓа, само оваа година е спуштена за 20 проценти. Дали тоа САД и Саудиска Арабија се обидуваат да го клекнат Путин како што во времето на Роналд Реган го банкротираа Советскиот Сојуз?

Копачите (милијардерско издание)

Не дека милијардерите од типот на Лари Пејџ и Марк Закерберг се за жалење, проблемот е што тие не можат да ги уживаат милијардите како што вие мислите дека би ги уживале.

Како живеат 0,00003 процентите

Просекот е 63-годишен маж, со околу 3 милијарди долари во банка, од кои 600 милиони долари во готовина, парите сам ги заработил на Вол Стрит, и има завршено на Универзитетот на Пенсилванија. Просекот е изваден од бројките за 2.325 милијардери.

Зошто Германците (речиси) сè плаќаат во готово

Во просек Германците имаат 2 пати повеќе готовина во новчаник отколку Американците, Французите или Холанѓаните, а околу 80% од сите трансакции во земјата се прават со готовина.

Кока-кола растури со имињата

Со лепењето на твоето име на шишето, Кока-кола успеа да го прекине 10-годишниот постојан пад на продажбата.

Хјундаи за сите пари

За плац со површина од 8 хектари и за меракот седиштето да биде во центарот на Сеул, Хјундаи ќе плати вкупно 10,1 милијарда долари.

Европа има уплав од дефлација

Покрај маките со непредвидливиот Путин и секирациите околу тоа што ќе биде кога домашните исламски милитанти ќе се вратат навежбани од Средниот Исток, на Европа повторно ѝ се крева коса на глава од она што го поремети светот пред Втората Светска војна.

Ако си сиромашен на 35 години, си го заслужил

Сиромашен си затоа што: си кратковид за шансите што ти се нудат, ги потценуваш шансите што ги добиваш, не се разбираш, не реагираш доволно брзо. Ова го порачува Џек Ма, Кинезот што имаше 25 милијарди долари вредно излегување на берзата во Њујорк.

Кина ќе ја тицне Америка за само 10 години

Не за 20 како што претходно се мислеше туку за само една деценија, Кина ќе го презеде светското водство и ќе стане најголема економија на планетава.

Како Стив Балмер се намести да плати 2 милијарди долари за Клиперси

Чисто финансиски, продажбата на Клиперси е еден од најуспешните проекти во историјата на бизнисот. Клубот во 80-те е купен за 12,5 милиони долари, а годинава го продадоа за 2 милијарди долари. Сумата е достигната само неколку месеци откако Форбс го процени клубот на 575 милиони долари. Парите ги плати Стив Балмер.

Најскапиот развод на сите времиња?

Харолд Хам е 13-то дете во сиромашно земјоделско семејство. Неполни 70 години подоцна тој денес поседува повеќе нафта од кој било човек на светов (што не е крал или диктатор). Проценет е на 17 милијарди долари, сума која инстантно ќе се намали ако работите излезат по ќеиф на сопругата која од лани сака да го разведе.