Има две причина за започнување со оданочување на Арапите: прво, воените кампањи во кои учествуваат (од Западна перспектива како статисти), ги чинат многу пари, и второ, падот на цената на нафтата (кој беше делумно и нивна геостратешка одлука) сериозно им го намали буџетот.
Во обид да го намали буџетскиот дефицит, Саудиска Арабија веќе повлече десетици милијарди долари од глобалните инвестициски фондови, меѓутоа парите и понатаму и се одливаат "како резултат на агресивната надворешна политика и поддршката за анти-владините сили во Сирија, и предводењето на 8-месечната воена кампања во Јемен против бунтовниците поддржани од Иран."
Дополнување на ова е што неделава цените на барел нафта паднаа близу до границата од 40 долари.
Оданочувањето до сега се сметаше како алтернативен извор на приходи за Заливските држави. Намерата на советот е ДДВ-то да го воведат во следните 3 години. Во нивниот модел од ДДВ се исклучени здравството, образованието, социјалните услуги и 94 типови храна.