Што сè во моментов е поскапо од нафтата

Додека се дебатира околу тоа на кого му одговара евтина нафта, за која економија таа е добра, а за која е лоша, цената на барел нафта падна речиси и до 27 долари.

Во зависност од тоа кој кога фатил да прави споредба цената на нафтата која се пресметува е меѓу 27 и 35 долари. Во моментот кога го достигна најголемото дно од 27,51 долар, барел нафта беше поевтин од кофа пилешко од КФЦ.


Околу 20-ти јануари нафтата чинеше 28,86 долари за барел, што во тоа време e:
- поевтино од 1,2-метарски вграден ХДМИ кабел (29,99 долари)
- дуксер од Уникло (29,90 долари)
- три пати поевтино од металното буре кое се користи за транспорт на нафта (99 долари)

Пресметано во однос на другите течности, една унца бензин (0,03 литри) во САД чини 0,02 долари. Истата количина Абсолут вотка е 0,45 долари, маслиново масло е 0,16 долари, а кафе од Старбакс е 0,14. Најприближно е млекото со 0,03 долари.

 

2 февруари 2016 - 11:28