"Станува збор за системски проблем, низ целата индустрија" изјавил првиот човек на Емишн Аналитикс, компанијата која ги тестирала автомобилите, Ник Молден.
Сите дизел автомобили што биле тестирани, го минале официјалниот лабораториски тест на ЕУ (НЕДЦ), меѓутоа ова не помага во намалување на загадувањето, затоа што автопроизводителите ги направиле нивните возила да имаат подобри резултати во лабораторија, отколку на отворено. За разлика од скандалот со Фолксваген, во овие случаи не биле употребени уреди за лажење на тестовите.
Тестовите се правени на Еуро 6 и Еуро 5 моделите на автомобилите. Резултатите покажуваат дека:
- Дизел автомобилите на Мерцедес-Бенц на отворено создавале 0,406 г/км азот-оксиди, што е 2,2 пати повеќе од дозволеното ниво според Еуро 5 и 5 пати повеќе од Еуро 6.
Портпаролот на Мерцедес за Гардијан изјавил "Бидејќи условите за возење на отворено не содејствуваат со оние во лабораторија, бројките за потрошувачка се разликуваат од стандардните бројки."
- Кај Хонда дизел автомобилите во просек емитувале 0,484 г/км азотни оксиди, што е меѓу 2,6 и 6 пати повеќе од официјалните нивоа.
Портпаролот на Хонда изјавил: "Хонда ги тестира возилата во согласност со европските закони."
- Дизел автомобилите на Мазда на отворено во просек имале 0,293 г/км азотни-оксиди, што е меѓу 1,6 и 3,6 пати повеќе отколку на тестовите. Еден од моделите на Мазда создавал 3 пати повеќе загадување од дозволеното.
Портпаролот на Мазда изјавил: "Во согласност со законот, Мазда напорно работи за да осигури дека секој бензински и дизел мотор комплетно одговара на регулативата."
- Просекот на дизел возилата на Мицубиши е 0,247 грама на километар, што е 1,5 до 3,4 пати повеќе отколку во лабораторија.
Емишн Аналитикс тестирале 50 Еуро 6 дизел автомобили и 150 Еуро 5 дизел автомобили од најразлични брендови, од нив само 5 автомобили имале исти резултати на отворено и во лабораторија. Минатата недела, Гардијан објави слични резултати и за дизел возилата на Џип, Волво, Рено, Цитроен, Хјундаи, Нисан и Фиат.
"Проблемот со Фолксваген во САД само го сврти вниманието кон сосема поинаквиот проблем што го има ЕУ - масовното легално загадување над границите. За азот-оксиди, дизел автомобилите во просек се 4 пати над дозволената граница, заради попустливата природа на тестовите во ЕУ," објаснува Молден.