Бројките се од извештајот на Центарот за ефективно владеење, а според нив ЦЕО со најсветла пензионерска иднина е сегашниот прв човек на Јам брендс (компанијата што ги поседува КФЦ, Пица Хат и Тако Бел). Дејвид Новак на сметката за пензионирање има речиси 250 милиони долари. За споредба просечен вработен на Јам брендс во фондот за пензиско има околу 70.000 долари.
Разликата во пензиите е 3.300:1, по што разликата во годината плата од 300:1 изгледа речиси занемарлива.
Во пресметката овие 100 ЦЕО-а во пензиски фонд ги чекаат околу 4,5 милијарди долари, наспроти нив на страната на обичниот народ се огромен број луѓе кои немаат тргнато никакви пари за пензија. Просекот на американското домаќинство на возраст за пензионирање изнесува околу 12.000 долари.
"Значи не се работи толку за тоа што ЦЕО-та имаат многу (а имаат), туку дека останатите немаат речиси ништо," пишува Џо Пинскер во Атлантик.
Сумата на ЦЕО-та дополнително боде очи бидејќи во изминатите години се повеќе компании ја напуштаат праксата за покривање на трошоците за пензиско на работниците, за кое сега треба да се грижат сами вработени.