Во 2001-ва кога стануваат Аксентур, тие прават внатрешна реорганизација по која компанијата се претвора во мрежа франшизи кои се лабаво координирани од швајцарска холдинг компанија. Тие се инкорпорираат на Бермудските острови каде остануваат до 2009-та, кога се преселуваат во Ирска, (пак заради даноци).
373.000 вработени на компанијата се раштркани низ повеќе од 200 градови во 50 држави, "а за да ги избегнат проблематичните закони за престој, од човечки ресурси внимаваат нивните вработени да не минат премногу време во градовите каде работат на проекти."
"Добредојдовте во ерата на метанационалци: компании кои, како Аксентур, се без држава. Кога тројцата експерти Ив Доз, Хозе Сантос и Питер Вилијамсон го составуваат овој термин во книгата од 2001-ва, метанационалци се феномен во повој, исклучок од традиционалните корпорации кои се гордеат со нивните национални корења. Денес отсекувањето на националните врски е стандардна бизнис практика.
Ексонмобил, Унилевер, Блекрок, ДХЛ, ХСБЦ, Виза - сите овие компании избираат локации за својот персонал, фабрики, извршни канцеларии, или банкарски сметки врз основа на тоа каде има најпогодни закони, изобилие на ресурси и поврзаност со остатокот од светот.
Паметните метанационалци имаат постојана адреса во една држава, корпоративен менаџмент во друга, финансискиот имот во трета, а административниот персонал раштркан во уште неколку," пишува Параг Хана во текстот за Форин Полиси.
Во бројки, моќта на метанационалците изгледа вака:
- Десетте најголеми американски банки контролираат речиси 50% од финансиските имотите со кои јавно се тргува.
- Епл располага со повеќе пари од БДП-то на две третини од државите низ светот заедно.
- Волмарт има 2,2 милиони вработени, речиси идентично колку што Македонија има граѓани.
- Ројал Дач Шел контролира речиси 5.000 километри нафтоводи и гасоводи.
- Самсунг има вредност на брендот од 45 милијарди долари. Вредноста на брендот Хрватска е 32 милијарди долари.
- Амазон има 244 милиони активни корисници. Бразил има популација од 204 милиони луѓе.
- Микрософт има 1,2 милијарди корисници.
- Убер има вкупно 1,1 милион возила. Флотата на американската влада има 633.851 возило.
- Водафон има 461 милион корисници. САД имаат 323 милиони луѓе.
- Анхаусер-Буш ИнБев држи 46 проценти од пазарот во САД.
- Голдман Сакс надгледува портфолио од 1200 милијарди долари. Руските меѓународни резерви изнесуваат 368 милијарди долари.
- Халибуртон во 2014-та имал капитални инвестиции од 3,3 милијарди долари, истата година истата ставка на чешката армија изнесува 2 милијарди долари.
- Мекдоналдс има 36.000 локации низ цел свет. Американската армија има 4.855.
- Емирати ерлјанс имаат просечна старост на авиони од 6 години, CF-18 ловците на канадската армија се со просек од 27,5 години.
- Фејсбук во 2013-та потроши 822 милиони киловат-часови, Бермудските острови за истата година имаат потрошено 664 милиони киловат-часови.
- Алибаба за еден ден продажба во ноември 2015-та има приходи од 14,3 милијарди долари, годишниот БДП на Чад е 14 милијарди долари.
- Блекрок управува со портфолио од 4650 милијарди долари. Во 2014-та девизните резерви на Британија се 108 милијарди долари, на САД се 434 милијарди долари, на Јапонија се 1.300 милијарди долари.