Во САД најголеми шанси да станат милионери имаат Азијатите, па потоа оди востановениот распоред белци, латиноси и црнци. Шансите на Азијатите се 22,3%, на белците се 21,5%, латиносите се со 6,8 а црнците имаат 6,4%.
Пресметката на Блумберг предвид ги зема сите можни предрасуди и препреки кои доведуваат до радикално различните шанси за станување милионер во САД. И во таква ситуација образованието е она што најмногу ја подобрува веројатноста некогаш да станеш милионер. Кај црнците кои немаат завршено средно училиште шансите за богатење се 1%, за да пораснат на 6,7% кога ќе завршат факултет. Белците без завршено средно стартуваат со 1,7%, и веројатноста за станување милионер се зголемува до 37% со завршување факултет.
Разочарувачката разлика за црнците е што шансите на средовечен црнец со факултетска диплома да стане милионер, се еднакви како и шансите на средовечен белец кој најмногу има завршено средно образование.
Уште еден заеднички резултат е дека кај сите веројатноста за станување милионер се зголемува откако ќе наполнат 40 години.