Самата приказна е крајно привлечна заради иронијата Амазон, компанијата која ги порази сите физички книжари со продавање на поевтини книги на интернет, да отвара офф-лајн книжарници.
Иако Амазон ниту ја потврдува, ниту негира информацијата, околу целата работа веќе се распафкани неколку теории.
Теорија 1: Нема да се случи
Информацијата ја објави Вол Стрит Журнал, по изјавата на ЦЕО-то на компанија специјализирана за трговски центри, Сандип Матрани, кој по кренатата галама одлучи да ја повлече изјавата. Текстот на Вол Стрит Журнал, беше дополнително критикуван од Њујорк Тајмс, затоа што Матрани бил избран како извор за информацијата.
Теорија 2: Ќе бидат само изложбени салони
Ова теорија се базира на книжарата што Амазон ја отвори во Сиетл (за што пишувавме тука), во која сите книги се изложени со своите корици, наместо да им се гледа само грбот, заради што и има многу помалку место за изложување. Логиката е дека овие продавници ќе можат да го привлечат вниманието на купувачите кои не знаат точно што бараат да купат и не се снаоѓаат добро низ огромниот онлајн каталог на Амазон.
Теорија 3: Се работи за брзина
Уште еден обид на Амазон за побрзо да им ги испорача нарачките на своите купувачи. "Ако итно им треба книга и важна им е цената (во Сиетл, Амазон продава по онлајн цени), одење во Амазон продавница ќе им биде многу полесно отколку да се во Барнс енд Нобл додека на телефон ги проверуваат цените на Амазон за некоја книга што ја бараат."
Теорија 4: Сакаат да ја пробаат играта на Волмарт
Амазон тестираат дали би им успеало да ги разработат физичките продавници. Ако да, тогаш ќе можат да почнат и да додаваат дополнителни типови производи (по иста цена како онлајн), посебно оние кои купувачите прво сакаат да ги видат во живо.
Теорија 5: Ова покажува колку е станата скапа испораката на производи
Амазон на испорака троши милијарди долари годишно. Само во 2014-та трошоците за испорака им се пораснати за 31 процент. Пренасочувањето на купувачите во физички продавници е еден од начините да се намалат овие трошоци.
Теорија 6: Ловат муштерии на аеродроми
Импулсивните купувања на патниците е еден од сегментите во кој Амазон нема успех. Книжарите на аеродромите и железничките станици во последен период имаат одлични проекции за идна продажба.