Џек Дорси најави дека ќе подари околу една третина на вработените како негова инвестиција во луѓето кои ја прават компанијата вредна.
Се работи за отприлика еден процент од вкупните акции на Твитер а потегот се толкува како обид да се стабилизира деловниот морал по неговата одлука да скрати околу 8 проценти од работниот екипаж на фирмата од Сан Франциско.
"Повеќе би сакал да имам помалку од нешто повредно отколку повеќе од нешто помалку вредно," изјави Дорси.
Пазарната вредност на Твитер изнесува 19, 2 милиони долари иако таа сè уште не се покажала како профитабилна. Дорси се врати на кормилото на фирмата откако претходниот шеф Дик Костоло во јуни даде оставка заради незадоволството од проширувањето на корисничката база која каска зад ривалските мрежи како што е Инстаграм.